Свет
Песков: Употребата на нуклеарно оружје од страна на САД во Иран би била катастрофална

Потенцијалната употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на САД во Иран би била катастрофален развој на настаните, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската државна новинска агенција ТАСС.
Песков коментира за она што го нарече шпекулативни медиумски извештаи за можноста. Сепак, во своите коментари не именува неден медиум.
Британскиот весник „Гардијан“ објави дека американските одбранбени претставници биле информирани дека конвенционалните бомби нема да може целосно да го уништат подземниот објект за збогатување ураниум на Иран во Фордо, но дека првин ќе бидат потребни напади со конвенционални бомби, а потоа и тактичко нуклеарно оружје фрлено од бомбардерот „Б-2“.
Сепак, британските весници објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп не размислува за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Фордо и дека опцијата не била презентирана од министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн, на состаноците во Белата куќа.
Трамп во четвртокот изјави дека во рок од две недели ќе донесе одлука за евентуалното вклучување на Соединетите Американски Држави во израелско-иранскиот конфликт.
Русија, која има блиски врски со Иран, силно предупреди против воена интервенција на САД во корист на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.
Свет
Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.
– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.
На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.
Свет
Обилни врнежи поплавија патишта во Шпанија и принудија десетици жители да бидат евакуирани

Обилни врнежи во регионот Мурсија, во југоисточна Шпанија, поплавија патишта и принудија десетици жители да бидат евакуирани, соопштија локалните власти.
Лидерот на медитеранскиот крајбрежен регион, Фернандо Лопез Мирас, ги предупреди граѓаните во областите Кампо де Картахена и Мазарон да „избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни“, пренесе државната телевизија РТВЕ.
Градоначалникот на Лос Алказарес, Марио Перез Сервера, на Инстаграм ги повика жителите на ниско поставените делови од општината да се качат на првиот кат од своите домови со храна, вода, комплети за прва помош и батерии. Според Мирас, нема загинати.
Во регионот Мурсија и соседните области беше издадено црвено предупредување, највисоко ниво на тревога, со известувања испратени до мобилните телефони на граѓаните.
Ситуацијата подоцна се подобри и за одредени области беше издадено жолто предупредување, намалено ниво на тревога, пренесе ДПА.
Според весникот „Мајорка Цајтунг“, неколку настани беа откажани на островот Мајорка, кој е популарен меѓу туристите.
Причината за обилните врнежи беше нова DANA – шпанска акронимија за „изолирана горна депресија“, именувана „Алиса“. Ова се однесува на метеоролошки феномен каде џеб на многу студен воздух, познат како „студен капка“, се изолира од главните атмосферски струења и спуштајќи се предизвикува екстремни временски услови.
Типично за медитеранскиот регион, овој феномен се случи и кон крајот на октомври 2024 година, кога речиси 230 луѓе загинаа во последиците од поплавите.
Доцните предупредувања тогаш доведоа до тоа властите сега да бидат повнимателни при обилни врнежи и да издаваат предупредувања порано.