Македонија
Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки
Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови и граѓани во Свети Николе.
„Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со економија која оди во амбис поради погрешните политики на владата,“ рече Филипче.
Тој посочи дека вистинската слика не се крие зад табели и статистики.
„Ги слушам со отчет и бројки за економијата во кои никој не верува. Денес има само неколку факти кои ги рушат сите нивни лаги. За 20% е намалена купвната моќ на граѓаните. Ние сме претпоследна земја по минимална плата во Европа и последна по куповна моќ. Граѓаните ова го знаат и го чувствуваат, се останато што говори Владата е чиста манипулација,“ истакна Филипче.
Тој алармираше и за, како што рече, огромното задолжување кое Владата го прави без никаква транспарентност.
„Креираа долг од 7 милијарди евра кои ќе го враќаат нашите деца за сопствени бизнис проекти. Пари позајмени без контрола кои ќе се доделуваат на компании по нивен избор. Се случува грабеж на столетието за кој кога тогаш ќе мора да одговараат,“ рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

