Македонија
Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати
Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на непристапен и тежок терен и дека ситуацијата е опасна бидејќи се слуша пукање од муниција и постојат сознанија за можни неоткопани гранати во реонот.
Пожарот е во село Бешиште (општина Новаци), а избувна во саботата. Гори сува трева, како и делови од борова, дабова и букова шума. Пожарот е активен на два крака во месноста Уров, во атарот на с. Бешиште и во насока кон с. Градешница, општина Новаци
„Пожарот се шири кон границата со Грција. На терен интервенираат: 5 пожарникари со 1 возило од ТППЕ Прилеп и 3 лица од ШС „Црн бор“ – Прилеп со 1 возило опремено со пумпа“, соопшти ЦУК.
За настанот се известени сите надлежни служби, меѓу кои: РЦУК Прилеп, ЕЛС Прилеп, ДЗС Прилеп, СВР ПС Прилеп, ПС Новаци, ШС „Кајмакчалан“ од Битола, ТППЕ Битола и ДЗС Битола. Известен е и инспектор од ДЗС.
За пожарот во Визбегово, Скопје, пак, од ЦУК информираат дека е ставен под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

