Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Објавено пред

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо кон интеграција и напредок, во геополитичка изолација и опасна економска зависност, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека ваквите укажувања на СДСМ, ги потврдила и Европската Унија во извештајот.

„Покрај опасното задолжување со директни заеми, политиките се водат под диктат на други земји кои имаат преголемо влијание врз влада. А сега тоа се повеќе се гледа и се потврдува. Во извештајот јасно стои дека Северна Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики – особено со потекло од Русија и од Кина“, рече Филипче.

Она што особено загрижува, како што рече Филипче, а што и ЕУ го нотира е задолжувањето од Унгарија, кое укажува на ризик од финансиска зависност од Кина.

„Се говори дека Европската Унија е алармирана за улогите на Унгарија и на Србија во унапредување и ширење на геополитичките цели на Русија и на Кина на Балканот. Во кој контекст, во извештајот се забележува ризик од зависност од Кина преку асиметрични заеми, како што е последниот заем од Унгарија – за кој се чини дека е набавен од Кина, за што ние исто така предупредувавме“, рече Филипче.

Дополнително, Филипче посочи дека додека власта од една страна ја става државата во заложништво на други држави, од друга страна ја изолира на дипломатско ниво.

„Владата исто така ја изолираше Македонија која единствена се воздржа од гласање за европската резолуција за Украина. Тоа е дипломатски срам и дипломатски скандал којшто го нотираат сите стратешки партнери, а сега и извештајот. Јасно укажавме дека за прв пат Македонија гласа надвор од контекстот на заедничка безбедносна и надворешна политика со ЕУ“, рече Филипче.

Тој, исто така, кажа дека извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија.

„Се чини дека Владата на ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време има сознанија дека во овој извештај Европската Унија со длабоко разочарување и на многу директен начин ќе го истакне неочекуваното застранување на македонската Влада од усогласувањето на македонската надворешна политика и онаа на ЕУ. Знаејќи ги сите овие сериозни критики од Европската Унија, ВМРО ДПМНЕ реактуализира националистички теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската Унија“, рече Филипче.

Тој рече дека судејќи по досегашната надворешна политика на владата се отвора прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на друга алтернатива или останува патот кон евроинтеграциите.

„Овде дома сите ние треба да го поставиме прашањето – дали со ваквите потези кои се прецизно нотирани во извештајот на Европската Унија – европската интеграција останува само декларативна заложба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ или можеби веќе се работи на нова алтернатива, нов правец во кој треба да се движиме?“, рече Филипче.

Македонија

Муртезани во Данска: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

Објавено пред

Од

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на првата работна сесија од неформалниот Состанок на министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија. Сесијата беше посветена на значењето на Копенхашките критериуми и на постепената интеграција како инструмент за забрзување на процесот на проширување. Во своето обраќање, министерот Муртезани подвлече дека патот на Северна Македонија кон Унијата не е техничка вежба на усогласување, туку стратешка неопходност за стабилноста и безбедноста на целиот континент. Тој потсети дека повеќе од две децении по ветувањето од Солун, европската перспектива на регионот не смее да остане недовршен проект, бидејќи секое ново одлагање не само што го поткопува кредибилитетот на Унијата, туку и ја ослабува нејзината стратешка улога во една крајно неизвесна геополитичка средина.

dobivaj vesti na viber

Муртезани нагласи дека Копенхашките критериуми мора да останат водилка на процесот и дека Северна Македонија е целосно посветена на нивната примена. „За нас тие не се само услови, туку јазикот на демократијата и гаранција дека нашиот напредок ќе се мери според фер и објективни стандарди, а не според билатерални пречки кои не му припаѓаат на јадрото на европската идеја“, рече министерот Муртезани. Тој се осврна и на концептот на постепена интеграција, оценувајќи дека таа не е замена за членство, туку мост кој ја чува веродостојноста на процесот додека не се заокружи со полноправно членство. Муртезани нагласи дека веќе се чувствуваат придобивките од оваа политика преку учеството на студентите во програмата Еразмус, пристапот до Единствената зона за плаќање во евра и растечката интеграција во единствениот пазар. Но, тој посочи дека процесот мора да се продлабочи преку постепено вклучување во Европскиот семестар, во механизмите за владеење на правото, во агенциите и програмите на Унијата, како и преку посилна соработка во областа на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Муртезани исто така нагласи дека Северна Македонија настапува со доверба и со јасна определба дека иднината на регионот е во Европската Унија. Тој потенцираше дека процесот на проширување не треба да се гледа како формално проширување на граници, туку како завршување на европската целина, што ја прави Унијата посилна, постабилна и поотпорна. Притоа, тој истакна дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста и кредибилитетот на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, евроинтеграцијата не смее да биде жртва на дневната политика

Објавено пред

Од

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најавува дека до крајот на неделата ќе биде готова работна верзија на декларацијата за национален консензус за европската интеграција. На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја истакна суштината на овој чекор и испрати јасна порака до јавноста и политичките чинители.

dobivaj vesti na viber

„Кога станува збор за националните интереси, кога станува збор за врвните државни интереси, и стратегиска цел на нашата земја, тоа е Европската унија, тука ниту јас лично ниту сметаме дека тоа треба да е предмет на прекупување во дневната политика, не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови“, рече тој.

Филипче порача дека очекува одговорен пристап од сите политички партии.

„Сметам дека доколку и ВМРО-ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозен пристап кон темата, а не гледам причината да немаат, тогаш сметам дека ќе најдеме решение“, рече Филипче и додаде дека се работи на инклузивен и транспарентен процес.

„Документот се изработува, до крајот на неделата, верувам дека ќе имаме една работна верзија, ќе го прикажеме на многу чинители – на сите политички партии, на нашите стратешки партнери, на јавноста, на новинарите, нека даде мислење и експертската јавност, поради тоа што сметам дека со иднината на граѓаните не треба да калкулираме.“

Во однос на грижите во јавноста, Филипче истакна дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интер.

„Мора сите политички чинители да седнат заедно на маса и да одредиме што е тоа, што јасно и гласно – еве во еден документ – може би цитирано од повеќе претходни документи, договори, резолуции, треба да го формализираме за да знаеме како ќе продолжиме напред и да ги информираме граѓаните за тоа“, рече лидерот на СДСМ.

Филипче исто така предложи да се побара и поддршка од ЕУ во некои клучни делови од процесот.

„Да побараме помош, можеби, во тој документ, од Европската Унија, од Европската заедница, во делот на историската комисија, некои нивни експерти, нивно искуство. Како што реков вчера, најлошото е да не се прави ништо,“ заклучи лидерот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување новинари

Објавено пред

Од

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење новинари и медиумски работници во периодот 2019 – 2024 година за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

dobivaj vesti na viber

Дополнително, премиерот, како и директорот на АНБ, вчера јавно упатија повик до Јавното обвинителство да реагира и да го расчисти случајот за овие наводи.

„Сметаме дека секое незаконско следење на комуникации може да претставува сериозна закана за слободата на медиумите и за правото на јавноста да биде информирана. Воедно, потсетуваме дека и новата регулатива на Европскиот парламент, Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA), јасно забранува какво било незаконско следење новинари и предвидува обврска на државите членки и на земјите кандидати да обезбедат ефективна заштита од вакви практики“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Според нив, ваквите случаи, доколку се основани, оставаат чувство на несигурност меѓу новинарите и ја нарушуваат довербата во институциите. Од тие причини ги повикваа надлежните органи да постапуваат итно и исклучиво врз основа на закон со цел да овозможат целосна транспарентност и отчетност во интерес на јавноста.

„Очекуваме Обвинителството и судството да постапат одговорно и без одлагање, со цел да ја заштитат слободата на медиумите и да обезбедат правна сигурност за сите новинари и медиумски работници во земјата. Истовремено, бараме од политичките партии и носителите на високи јавни функции да се воздржат од изјави и меѓусебни пресметки во кои користат новинарски имиња бидејќи со тоа може да ја продлабочат поларизацијата во општеството и да поттикнат говор на омраза насочен кон новинарите“, се наведува во соопштението.

Во него потсетуваат дека скандалот со масовното незаконско прислушување од 2015 година, кога беше објавено дека биле нелегално следени комуникациите на илјадници граѓани, меѓу кои и на голем број новинари, сè уште нема добиено соодветна судска разрешница и покрај напорите на еснафските новинарски здруженија.

„Речиси десет години подоцна, некои од постапките се одолжуваат или завршуваат без правосилни пресуди, а новинарите што беа директно погодени сè уште ја чекаат правдата. Ова уште еднаш ја потврдува потребата институциите да дејствуваат итно, независно и без политички влијанија. ЗНМ и ССНМ остануваат подготвени да обезбедат правна помош и поддршка за сите евентуално оштетени новинари или оние чии права биле прекршени. За развојот на овој случај ќе биде информирана и Европската федерација на новинарите (EFJ), каде што двете организации се полноправни членки“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија3 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија3 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ3 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија3 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија3 часа

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија5 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија5 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет7 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет7 часа

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет8 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет8 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи, Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет8 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последните децении, масовна парична помош...

Регион17 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија18 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија21 час

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија22 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија1 ден

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија1 ден

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...