Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лојален на вториот пасош и на Заеви, но не и на Македонија

Кога Венко Филипче се обидува да креира дефокус од легитимните теми за неговиот веројатен втор пасош, јавноста веднаш го препознава стариот модел – манипулација, избегнување одговорност и прикривање на вистината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо јасно да одговори дали поседува пасош од друга држава, Филипче избега од прашањето и се фрли на спинови. Но токму тоа молчење само ги зацврстува сомнежите. Во сериозна држава, лидер на политичка партија не смее да има недефинирана лојалност. За која држава работи Венко Филипче – за онаа што му дала еден, или за онаа што му дала втор пасош? И зошто не одговара директно? Одговорот е очигледен: Филипче е лојален само на парите, на криминалот на Заеви, и на интересите на групата што ја урна Македонија. Тој не е реформатор, туку симбол на времето кога Македонија беше понижена и ограбена“, се вели во реакцијата.
Од партијата велат дека Филипче бил дел од структурата што го излажа народот дека сме добиле датум за преговори, тврдеше дека Бугарите се само администратори, ја продаде државата додека глумеше дека ја брани, го остави здравството во хаос и под сомнителни тендери и згуби милиони евра европски пари кои денес се гледаат во патишта, водоводи и реални проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу: Вештачката интелигенција има голем потенцијал за унапредување на здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се обрати на Симпозиумот на лекарските комори од Централна и Источна Европа, кој се одржува во Скопје во организација на Лекарската комора на Република Северна Македонија каде присуствуваа претставниците од повеќе европски земји.
„Примената на вештачката интелигенција во здравството има навистина голем потенцијал за унапредување на здравствената заштита. Не помалку важна е и темата за планирање и управување со здравствениот кадар, бидејќи тој е најзначајниот ресурс во здравството,“ истакна министерот Алиу.
Тој додаде дека очекува заклучоците од овој Симпозиум да имаат практична примена во иднината.
„Уверен сум дека овој симпозиум ќе придонесе за подобри услови за работа на лекарите и поквалитетно лекување за пациентите“, заклучи Алиу.
Македонија
Пренџов: Суштинска работа е во вторник, во девет наутро, Комисијата да биде во АНБ

Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Во интерес на јавноста и на медиумите, сакам уште еднаш да апострофирам дека после нашиот повик за итна на седница на Комисијата за надзор на за работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата, г. Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш после мене имаше прес конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде прв пат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, која што ја водеше, друг пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска“, рече Пренџов.
Тој кажа дека императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ.
„Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цело се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало. Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес, бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали кај има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ“, рече Пренџов.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и Орце ќе продолжат со дивоградбите во Чаир и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го покажаа вистинското лице, заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење, велат од СДСМ.
„Со изјавата дека нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно призна дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје туку и понатаму ќе ги штити.
Ова е истата матрица која веќе ја гледаме години наназад: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението. Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализираат и охрабруваат, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови, јавни површини и го загрозуваат квалитетот на живот на граѓаните. СДСМ веќе предупреди: глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба.
Граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури. СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје“, се додава во партиското соопштение.