Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои 230 советника, што е помалку за 166

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33, велат од партијата.
„Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години. На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во “пензија”“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека на изборите добиле околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини:1.Берово,2.Битола,3.Босилово,4.Бутел,5.Василево,6.Вевчани,7. Велес,8.Гази Баба,9.Гевгелија,10.Ѓорче Петров,11.Градско,12.Делчево,13.Демир Хисар,14.Зелениково,15.Илинден,16.Јегуновце,17.Кавадарци,18.Карбинци,19.Кисела Вода,20.Кратово,21.Новаци,22.Ново Село,23.Охрид,24.Петровец,25.Пехчево,26.Прилеп,27.Радовиш,28.Ресен,29.Свети Николе,30.Сопиште,31.Старо Нагоричане,м 32.Струмица и 33.Штип.
Од партијата велат дека имаат водство во Валандово, Дојран, Конче, Демир Капија, Неготино, Виница, Зрновци, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Ранковце, Карпош, Аеродром, Брвеница, Македонски Брод, Кичево, Дебрца, Могила и градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека освоиле 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.
„Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред. Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН.
„Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, велат од Коалицијата.
Македонија
Без струја делови од Карпош, Бутел и Аеродром

Без струја денеска ќе останат делови од Карпош, Бутел, Студеничани и Аеродром.
ЕВН Македонија АД извести дека на ден 21.10.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Ловќенска лоцирани околу бр. 14, како и корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани околу автобуската станица кај хотел Карпош. ( општина Карпош )
– во периодот од 08.30 до 16.00 часот, корисниците од областа Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (општина Студеничани)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците ул. Стар Качанички Пат и дел од нов Качанички Пат.(општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел ос С.Долно Лисиче. (општина Аеродром)