Свет
(Видео) Индонезискиот вулкан исфрли пепел 18 километри во воздухот, евакуирани над 4.000 луѓе
На индонезискиот остров Флорес, вулканот Левотоби Лаки-лаки повторно еруптираше, испраќајќи огромен облак од пепел во воздух во висина од 18 километри. Ерупцијата, која започна во понеделник наутро, предизвика нова рунда евакуации, бидејќи локалните власти ја прошируваат опасната зона. Највисоко ниво на тревога е во сила, објавува Би-би-си.
Indonesia's Mount Lewotobi Laki Laki volcano has erupted.pic.twitter.com/aT6UHMLb5X
— Thomas Sowell Quotes (@ThomasSowell) June 17, 2025
Досега нема извештаи за жртви, но повеќе од 4.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови. Според локалната агенција за катастрофи, бројот на евакуирани лица расте. Најмалку 24 летови до и од популарниот туристички остров Бали беа откажани во понеделник поради вулканска активност, а дел од воздушниот сообраќај беше обновен во вторник наутро.
Според Мухамед Вафид, раководител на индонезиската геолошка агенција, ерупцијата во 11:05 часот по локално време беше најсилната од ноември минатата година.
Indonésie 🇮🇩 – Lewotobi
🔸 D'autres images de l'impressionnante éruption explosive du Lewotobi Laki Laki en Indonésie.
Je rappelle, la colonne éruptive s'élève à 18 000 m au-dessus du cratère.
📹 De Putra Milanisti pic.twitter.com/qwqKPnpXnH
— 𝐆𝐞𝐨𝐓𝐚𝐥𝐞𝐬 (@GeoTales_) July 7, 2025
„Ерупција од ваков обем сигурно носи поголем ризик, вклучително и влијанието врз воздушниот сообраќај“, изјави Вафид за Асошиејтед Прес.
Поради зголемениот ризик, властите ја проширија опасната зона на седум километри од централниот отвор на вулканот. Издадени се и предупредувања за можни поплави, калливи порои од вулкански материјал, доколку регионот го погодат обилни дождови.
Вулканот повторно еруптираше околу 19:30 часот во понеделник навечер, исфрлајќи пепел и лава во висина до 13 километри. Трета ерупција се случи во вторник во 5:53 часот наутро, но со помал интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин

