Свет
(Видео) Нови кинески авиони снимени во лет: ги споредуваат со најсмртоносниот американски „Ф-35“
Најновите снимки ги прикажуваат кинеските борбени авиони од петтата генерација „J-35A“ во служба на војската на Народна Република Кина бидејќи САД сè повеќе го фокусираат своето одбранбено внимание на Индо-пацифичкиот Регион и можните кинески воени планови кон Тајван.
Авионот е во развој во рамките на кинеската воена индустрија веќе некое време, а првпат беше јавно прикажан во ноември минатата година на голем аеро-саем откога претходно беше претставен неговиот поморски модел „J-35“ за носачи на авиони.
China’s 5th generation J-35A stealth jet officially entered service with the PLAAF’s 1st Air Brigade, joining J-20s. pic.twitter.com/Ct2EuTdyve
— Clash Report (@clashreport) July 7, 2025
Авионот „J-35A“ припаѓа на петтата генерација борбени авиони, опремен е со напредни сензори, авионика и е дизајниран да биде невидлив за непријателските радари и да ја пробива непријателската воздушна одбрана.
Кинеските државни медиуми го опишуваат како полесен и поразновиден од веќе постојните кинески стелт-авиони „J-20“, со можност за справување со копнени и морски цели.
A formation of Chinese J-16D Electronic Warfare (EW) aircraft, J-20 Stealth Air Superiority Fighters, and J-35A Stealth Multirole Fighters flying over Beijing. pic.twitter.com/pYuBXCxv14
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) July 7, 2025
Авионот често се споредува со американскиот „Ф-35“, кој производителот Lockheed Martin го опишува како „најсмртоносниот и најспособен борбен авион во светот“. „Ф-35“ се продава на сојузниците на САД во целиот свет, а САД го користат и „Ф-22 рапорт“, кој не се извезува.
Како и САД, и Кина сега управува со два стелт-борбени авиона – „J-20“ и „J-35“, а двете сили веќе работат на нова генерација уште понапредни авиони со подобрена автоматика, помала видливост и посилно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица
Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.

