Македонија
„Исклучувањето на Албанците продолжува со алармантно темпо, во Министерството за енергетика 18 Македонци, 0 Албанци“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција го изразува својот најдлабока загриженост за систематската дискриминација и исклучување на Албанците од државните и јавните институции во Република Северна Македонија. Последниот случај во Министерството за енергетика, каде од 18 нововработени нема ниту еден Албанец, е јасен доказ за постоење на однапред испланирана стратегија за поништување на државотворниот статус на Албанците во земјата“, велат од ДУИ.
„Ова не е изолиран случај. Станува збор за отворена и агресивна имплементација на план, усогласен меѓу двете македонски партии, посредуван од политичката олигархија уште од 2022 година. Целта е јасна: целосно маргинализирање на Албанците од државните и јавните институции, туркајќи ги на периферијата на политичкиот, административниот и економскиот систем.
Овој план се спроведува секојдневно, со забрзано темпо и синхронизирана динамика, исклучувајќи ги Албанците под изговор на „професионализам“ и „компетентност“, опасна наративa која се користи за враќање на едноетничка држава, спротивно на духот и буквата на Охридскиот договор.
Во овој проект за уривање на еднаквоста се вклучени и неколку албански вазали, кои во замена за привремени функции, легитимираат една од најслабите и етнички нелегитимни влади во 35-годишната историја на плурализам.
Денес, Албанците се непожелни во секоја институција, од енергетиката до правдата, од одбраната до јавната администрација.
ДУИ ја реафирмира својата непоколеблива заложба за заштита на колективните права на Албанците и на Охридскиот договор како темел на новиот општествен и институционален поредок во државата. Секој обид за уривање на тој поредок, преку судови, манипулирани конкурси или систематска дискриминација, ќе биде силно осуден и спротивставен политички, институционално и на меѓународен план“, соопштуваат ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.