Македонија
Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено ќе бидат згрижени на Универзитетската клиника за детски болести и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во објектот во Козле ќе продолжат со работа дневната болница и амбулантските прегледи.
Министерството за здравство информира дека ваквата мерка е преземена со цел да се обезбеди континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти. Од таму додаваат дека состојбата се следи и веднаш по нормализирањето на водоснабдувањето, хоспитализацијата во Козле ќе продолжи непречено.
Клиниката од вчера остана без вода. Во овој случај не станува збор за дефект, туку причина е што болницата се наоѓа во висока зона, па нема вода исто како и целата населба Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“
Македонија
Од претходната власт наследивме урбана пустош, дивеење на инвеститори, Аеродром се движи по нова траекторија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата на СДС е уште еден обид за дефокус и манипулација од страна на партија која во претходните 4 години не направи ништо за Аеродром, освен бетон и хаос. Граѓаните добро паметат – од претходната власт наследивме урбана пустош, дивеење на инвеститори и нула транспарентност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако од страна на СДСМ изјавија дека Општина Аеродром е жртва на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Дејан Митески.
Денес, според партијата на власт, Аеродром се движи по нова траекторија.
„Со нова инфраструктура, проекти во образованието, социјалната заштита и реални инвестиции. Работиме секојдневно, транспарентно и во интерес на граѓаните. За прв пат во Аеродром во исто време се градат училиште, детска градинка и спортска сала. Паралелно на тоа се реализираат многу инвестиции во патната и водоводна инфраструктура, зеленилото, спортската и детска инфраструктура.
Аеродром повеќе не е бетонска џунгла, напротив, статистички гледано се градат за 80% помалку згради во овој мандат. За првпат спроведовме деурбанизација, односно избришавме маркици за згради и ги пренаменивме во паркови“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тригодишната блокада од владата на СДС, сепак во Аеродром се реализираат проекти како никогаш досега.
Оценуваат дека заврши времето на СДС кога една даска чинеше илјадници евра, еден кош како цела спортска сала.
„Заврши времето на СДС кога со изградба на згради се грижеа за тревата, како онаа кај Мајчин дом.
СДС очигледно не ја научија лекцијата после катастрофалните порази на изборите и пораката дека аеродромци не сакаат празни зборови, туку дела и проекти.
Граѓаните не сакаат враќање на старата неработа“.
Македонија
МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Од таму додаваат дека хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет.
„Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, соопштија од оваа институција.