Македонија
ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор
Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.
Активни пожари:
1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).
Пожари под контрола:
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

