Македонија
СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себеси, но и ДПМНЕ
Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам, реагира СДСМ на изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема направено ништо повеќе од една година за граѓаните и за државата. Нивното владеење е една голема нула. Затоа Лефков и Мицкоски немаат што друго да зборуваат, освен секојдневно како папагали да ги повторуваат истите прес-конференции.
Реалноста е дека ДПМНЕ има толку многу бугарски државјани во своето раководство што може, ако сака, да формира влада во Бугарија. Им порачуваме да престанат, затоа што се прочитани како буквар од граѓаните и само дополнително се заглавуваат во приказната за патриоти и предавници. Наутро ги уживаат бенефитите како граѓани на ЕУ, а попладне прават сè државата да не влезе во ЕУ. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, лаги, лицемерие и лични интереси“, пишува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

