Свет
(Видео) Се урна покрив на училишна зграда во Индија, загинаа најмалку четири деца

Најмалку четири деца загинаа, а 17 се повредени во западната индиска држава Раџастан откако денеска се урна покривот на училишна зграда, објавија локалните медиуми. Се стравува дека уште многу деца се заробени под урнатините, објави Ројтерс.
Снимките од вестите го покажаа локалното население собрано на местото на настанот додека властите користеа кран за да ги отстранат остатоците од урнатата зграда.
सुबह-सुबह झालावाड़ से दुखद खबर
झालावाड़ में एक सरकारी स्कूल की बिल्डिंग गिरने से 5 बच्चों की मौत हो गई. वहीं हादसे में 30 से ज्यादा बच्चे गंभीर घायल हैं.
हादसा शुक्रवार सुबह प्रार्थना के दौरान मनोहरथाना ब्लॉक के पीपलोदी सरकारी स्कूल में हुआ.#Rajasthan #Jhalawar pic.twitter.com/DgtbbO8k3q
— Avdhesh Pareek (@Zinda_Avdhesh) July 25, 2025
Според локалните медиуми, учениците посетувале настава во државно училиште во Џалавар кога се урнала зградата.
„До надлежните органи се издадени упатства за да се обезбеди соодветен третман на повредените деца“, изјави главниот министер на Раџастан, Баџанлал Шарма, во објава на социјалните мрежи.
BREAKING: At least 5 dead, 30 seriously injured after roof collapses at Piplodi Primary School in Jhalawar area of Rajasthan, India. More than a dozen others reportedly trapped, rescue operations underway. – local media pic.twitter.com/Iv1xwE6aIW
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 25, 2025
Некои од повредените деца се во критична состојба, изјави за агенцијата ПТИ, локалниот полицаец Амит Кумар, објави „Економик тајмс“.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.