Забава
Интензивна меѓународна активност на македонската стрип-сцена
Приморскиот град Шибеник во Хрватска по 15 пат беше домаќин на Интернационалниот фестивал за анимација и стрипови СУПЕРТЈУН којшто се организираше од 21 до 25 07. на повеќе локации од градот, пред посетителите беа изведени повеќе содржини, проекции, промоции и дискусии од областа на стрипот и анимираниот филм.
Со поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија на овој фестивал присуствуваше и Томе Трајков-програм координатор на Стрип центар на Македонија-Велес. Меѓу другото, тој одржа едночасовна промоција на македонската стрип сцена, а учествуваше и на групна панел дискусија на тема “ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СТРИП ИЗДАВАШТВОТО ВО РЕГИОНОТ“ .

Треба да се спомене дека во категоријата на стрип списанија, во потесната селекција се најде и ревијата „Стрип креатор“, покрај списанијата OHOHOzine, Стрип префикс и Ирационалист од Хрватска, Рас комик од Србија, како и Винтарт и Вирџина од Црна Гора.
Како што нагласува Трајков, фестивалот Supertoon има специфичен фокус на стрип изданија и вклучува повеќе категории – од стрип списанија, до книги и фанзини. Лично тој ке се заложи учеството на македонски издавачи да биде уште позабележително во наредните години бидејки ова претставува важен чекор кон поголема видливост на македонскиот стрип на европската мапа.

А неколку дена претходно од 18 до 22 јули, Јошаничка Бања беше домаќин на 13-тата Меѓународна стрип колонија „Рашка 2025“, која и оваа година собра бројни стрип автори, предавачи и млади таленти од Србија и регионот. Македонската стрип заедница ја претставуваа авторите ; Славица Купенкова, Евгенија Трајкоска, Анастасија Недељковска ,Игор Поповски , Иван Михајловски ,Јасмина Јовчевска како и Томе Трајков којшто овојпат беше присутен како оперативен координатор на проектот „Сè што велиме е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТО!“.
Учесниците доаѓаат од стрип школи од Белград, Врање, Лепосавиќ, Велес, Тирана и Рашка, а во текот на петте дена од богатата програма, посетителите посетија изложби, промоции, работилници и цртежи во живо.

Учесниците работеа и на нови стрипови кои ќе бидат објавени во стрип списанието Ras Comic.
Помеѓу другото, во Галеријата на Културниот центар „Градац“ во Рашка, беше отворена изложба на дела создадени во рамките на меѓународниот проект „Сè што велиме е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТО!“.
Покрај изложбите и промоциите, за време на стрип колонијата во Рашка беа организирани и работилници за илустрација под водство на Владимир Весовиќ, како и предавања од реномираните автори Бобан Савиќ Гето и Дарко Стојановиќ. Меѓу овогодишните гости и ментори се и Дејан Трајковиќ Декс, Љиљана Стризе,(двајцата од Врање, Србија) , и Валбона Авдулај од Валона , Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

