Забава
Семејството на Ози Озборн згрозено од подлите теории на онлајн-троловите за трагичната смрт на рок-иконата
Семејството на Ози Озборн ги критикува теориите што се појавуваат на интернет за трагичната смрт на рок-легендата откога фронтменот на „Блек сабат“ на 76 години почина опкружен со љубов во својот дом вреден повеќе милиони фунти во Велдерс, Бакингемшир, минатата недела.
Шерон, неговата сопруга, со која беше во брак 43 години и мајка на нивните деца Ејми, Џек и Кели, беше покрај него кога почина. Екипите на воздушната брза помош се упатија кон семејната куќа за да го спасат пејачот, кој страдаше од Паркинсонова болест во неговите последни моменти. Во соопштението потпишано од неговото семејство се вели: „Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитувате приватноста на нашето семејство во овој момент“. Но, онлајн-троловите сега шират одвратни шпекулации дека иконата на Брами одлучила да си го одземе животот“, објави британски „Сан“.
За ова се дискутира дури и на американските радиостаници, вклучувајќи го и „Сириус икс ем“, каде што рок-иконата имаше свој канал. Шерон, Кели и Џек се згрозени од лажните наративи, кои тврдат дека тие биле вклучени во неговата одлука да си го одземе животот.
Семеен пријател синоќа изјави: „Семејството сè уште тагува и справувањето со оваа глупост е гнасно. Длабоко ги згрози Шерон и децата. Ози почина дома, а болничарите се обидоа да го спасат – факт. Едноставно, одвратно е бидејќи овие идиоти од социјалните медиуми не се веродостојни, но некако нивниот наратив се шири секој ден. Иако немаат никакво знаење, другите онлајн-корисници ги третираат овие лажни вести како факт. Човекот апсолутно сакаше да биде со своето семејство, а особено со своите внуци“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

