Забава
Тие не се плашат од емоции: непоправливите романтичари се родени во три знаци
Во светот на хороскопите, секој знак има свои посебни квалитети, но некои едноставно блескаат кога станува збор за љубовта.
За нив, романсата не е само фаза или минлива емоција – тоа е начин на живот. Тие секогаш бараат подлабоки врски, сакаат срдечни изненадувања и не се плашат да ги покажат своите чувства.
Еве три хороскопски знаци кои често се сметаат за најголеми романтичари во Зодијакот.
Рак – нежност и посветеност на секој начин
Раковите се познати по нивната емоционална длабочина и способност да се поврзат со својот партнер на интимно ниво. Нивната романса не е само за големи гестови, туку и за мали, секојдневни знаци на внимание – топол оброк, срдечна прегратка или нежна порака во вистинско време.
Тие сакаат сигурност и чувство на дом во врската, и кога ќе најдат некого на кого можат да му веруваат, тие се трудат најдобро што можат да ја одржат и развијат таа врска.
Риби – сонувачи кои веруваат во вистинска љубов
Рибите се непоправливи романтичари, склони кон идеализирање на љубовта и верување дека постои таа совршена личност таму некаде. Нивната креативна природа често се изразува преку песни, писма, цртежи или мали изненадувања.
Тие се подготвени да инвестираат енергија и време во создавање посебни моменти, а во врската бараат партнер со кого можат да ги споделат своите соништа и внатрешен свет. Рибите сакаат да даваат, но исто така сакаат кога нивниот партнер им покажува колку ги цени.
Вага – Љубовта како уметност
За Вагите, љубовта е нешто што треба да се негува со истата грижа како најскапоценото уметничко дело. Тие се стремат кон хармонија, убавина и заедништво, и сакаат да го почастат својот партнер со романтични вечери, заеднички патувања или изненадувачки излегувања.
Вагите го сакаат чувството на вљубеност и уживаат во фазата на освојување исто колку и во долгорочните врски. Нивната способност да го стават партнерот во центарот на вниманието ги прави еден од најпосакуваните знаци за романтична врска.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

