Забава
(Видео) Кралицата на кетаминот ќе признае вина за смртта на Метју Пери

Јасвин Санга, позната како кралицата на кетаминот, се согласи да се изјасни за виновна по обвиненијата дека ја набавила дозата од анестетикот на рецепт,што ја уби ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, соопштија обвинителите во понеделникот.
Санга, чие судење требаше да почне во септември, ќе се изјасни за виновна по пет точки според договорот за признавање вина со федералните обвинители, според соопштението на Министерството за правда на САД.
Договорот за признавање вина доаѓа нешто повеќе од три недели откога калифорнискиот доктор Салвадор Пласенсија, уште еден од петте лица обвинети во врска со смртта на Пери, се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за нелегална дистрибуција на кетамин.
Санга, која властите ја опишаа како дилерка на дрога позната на клиентите и како кралица на кетаминот, е обвинета за снабдување со дозата што му го одзеде животот на Пери. Обдукцијата заклучи дека Пери починал од акутните ефекти на кетаминот, кои во комбинација со други фактори предизвикале актерот да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито на 28 октомври 2023 година. Тој имаше 54 години.
Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-комедијата „Пријатели“ на Ен-би-си од 90-тите, јавно призна дека злоупотребувал дрога со децении, вклучително и за време на врвот на неговата слава во серијата.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кевин Федерлајн детално го опиша повикот по кој завршил неговиот брак со Бритни Спирс

Телефонски повик со Бритни Спирс, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил „капката што ја прелила чашата“ и довел до крајот на бракот меѓу Кевин Федерлајн и поп-ѕвездата, пишува во неговите нови мемоари You Thought You Knew, пренесе Page Six.
„Беше три или четири часот наутро. Таа, Парис и Линдзи беа пијани и ме молеа да дојдам. Во позадина ги слушнав моите синови Престон и Џејден како плачат. Тој повик беше крај,“ напиша тој.
Додаде дека претходно гледал фотографии од Бритни на забави, но дека тој момент ја уништил секоја надеж дека ќе се смират поради децата.
Во книгата се наведуваат и други тешки обвинувања – дека Спирс го удрила поради марихуана што еден негов пријател ја оставил во домот, дека ја видел како со пријателка шмрка кокаин, како и дека понекогаш ги гледала децата додека спијат, држејќи нож во рака.
Федерлајн тврди и дека Бритни го изневерила на почетокот на врската и му се јавила на поранешното момче Џастин Тимберлејк ден пред свадбата.
Тимот на Спирс (43) одговорил дека повторно некои луѓе профитираат од неа откако престанала алиментацијата. Нејзиниот портпарол истакнал дека пејачката се грижи само за благосостојбата на своите деца и дека веќе ги опишала своите искуства во мемоарите The Woman in Me (2023).
„Постојаната манипулација од мојот поранешен сопруг е болна и исцрпувачка. Пет години се обидувам да живеам мирен и приватен живот, но сега ми е доста,“ напиша таа, додавајќи во друга објава дека Федерлајн шири лажни приказни и се обидува да звучи убедливо.
Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина – Шон Престон и Џејден.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

Словенечката инфлуенсерка и поранешна мисица Тина Габер (39) неодамна се омажи за премиерот на Словенија, Роберт Голоб (58). Таа за Net.hr откри како изгледала нивната интимна свадбена церемонија што се одржала во Струњан, на словенечкото приморје.
„Воопшто не планиравме венчавка. Но, кога почнаа гласини дека ќе биде на есен и сите нè прашуваа кога ќе се венчаме, си рековме – па ајде. Сега гледам дека тоа беше најдобрата одлука. Венчаницата ја избрав за два дена – добро е што немав повеќе време, затоа што би го закомплицирала целиот процес,“ изјави Тина.
View this post on Instagram
Таа откри дека свадбата ја испланирале за еден месец, а атмосферата била весела и опуштена: „Имавме одличен бенд, диџеј и многу добра енергија. Сонцето заоѓаше, морето беше зад нас, а ние двајцата зрачевме среќа. Не сакав тивка, романтична венчавка, туку разиграна и жива, и според реакциите на гостите – успеавме целосно.“
View this post on Instagram
Како најинтересен момент од вечерта, Тина спомена дека на гостите им ги одзеле мобилните телефони:
„Кога ќе им ја тргнете таа дистракција, се случува вистинско чудо,“ рече таа со насмевка.
View this post on Instagram
Парот ќе отпатува на меден месец во Африка.
Тина Габер е позната на јавноста уште од 2008 година, кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenije. Студирала социологија, а подоцна се утврдила како водителка, инфлуенсерка и активистка, особено ангажирана во борбата за права на животните и заштита на животната средина. Денес има бројна публика на социјалните мрежи и е препознатлива по спојот на моден стил и општествена свесност, како и по залагањето за здрав начин на живот и транспарентност во институциите.
Забава
Џена Ортега на црвениот тепих во метален топ со гол грб

Ѕвездата на серијата Wednesday, Џена Ортега, на 18 октомври се појави на свеченоста Academy Museum Gala носејќи метален топ во форма на лист, објави „E! Online“.
Дизајнот е дело на Грејс Линг и потекнува од нејзината колекција за пролет 2026. Топот, изработен од темен рефлектирачки метал, со овален дел што ги покрива градите и стебло што се обвиткува околу вратот, ги остави грбот и рамениците целосно откриени.
Комбинацијата ја надополнила со кафеаво свилено здолниште со низок струк, коса врзана во ниско опавче и драматична „smokey eye“ шминка.
Овој смел изглед потсетува на нејзиното издание на доделувањето на наградите Еми 2025, кога носеше топ на Givenchy направен целосно од испреплетени скапоцени камења.
Ортега и нејзиниот стилист Енрике соработуваат со години, создавајќи впечатливи модни комбинации инспирирани од нејзината љубов кон готската естетика.
„Отсекогаш сум ја сакала готската култура и тој потемен хумор — сега конечно можам да го изразам,“ изјавила Џена за Vogue во 2023 година.