Македонија
„Преку двата повика за општините од буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и спортистите да бележат високи резултати, првенствено, треба да имаат соодветни, современи и модерни услови за нивниот развој. Спортот не е област каде што резултатите можат да се видат на краток рок, со носење на еднократни ад хок решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спортот е област која бара системски пристап и добро испланирана стратегија за развој, со сериозни вложувања во инфраструктурата за спортистите да имаат соодветни услови каде ќе тренираат и развиваат.
Во ова насока, Владата во соработка со општините, посветено работи за подобрување на спортската инфраструктура.
За таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од државниот Буџет одвои 720 милиони денари за 36 спортски објекти. Интензивно се работи на завршување на сите проекти коишто во минатото беа отпочнати па заборавени, како што се базените и спортски сали.
Исто така, ќе се интервенира и во сите спортски објекти каде што ќе биде констатирано дека е потребно реконструирање и модернизација на условите.
Преку двата јавни повици што ги објави Министерството за локална самоуправа, одвоени се повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините.
Вкупно 36 спортски објекти се опфатени од првиот и вториот повик за општините, каде вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари.
Пред три недели во употреба се пушти целосно новиот затворен базен во Кисела Вода во рамките на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, а до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви базени.
Исто така, пред неколку дена пуштена во употреба беше новата сала во ОУ „Наум Охридски“ во Булачани, а до крајот на година ќе бидат пуштени во употреба уште три целосно нови спортски сали.
Паралелно на изградбата на новата спортска инфраструктура, продолжува реконструирањето на постоечките спортски објекти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

