Забава
Палестина првпат во историјата има претставничка на изборот за мис универзум
Палестина ќе се придружи на изборот за мис универзум првпат по 74 години. Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74. избор за мис универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд, во ноември.
View this post on Instagram
Таа сподели емотивна порака на „Инстаграм“ нагласувајќи ја важноста на моментот: „Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на ‘Мис универзум’ првпат. Стапнувам на сцената на ‘Мис универзум’ не само со титула туку и со вистината“.
View this post on Instagram
„Додека Палестина минува низ срцекршачка криза, особено во Газа, го носам гласот на народот, кој одбива да биде замолчен. Ги претставувам секоја палестинска жена и секое дете, чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додаде таа.
View this post on Instagram
Која е Надин Ајуб?
27-годишната Ајуб е фитнес-тренер и нутриционист, која сега живее во Дубаи, пишува „Араб њуз“. Таа веќе постигна значајни успеси во светот на натпреварите за убавина: во 2022 година таа ја зеде дома лентата Miss Earth Water на натпреварот Miss Earth во Манила, а исто така беше првата жена што ја претставуваше Палестина на овој натпревар. Miss Earth е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот заедно со Miss World, Miss Universe и Miss International.
View this post on Instagram
Истата година таа беше крунисана за мис Палестина, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Таа ја основа Академијата „Олив грин“, училиште за креирање содржини, кое комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со цел да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

