Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката
Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.

Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

