Македонија
(Видео) СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир
„Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ.
„Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН дека власта нема да преземе ништо туку ќе ги штити дивоградбите во Чаир за никој да не одговара.
Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, загрозена безбедност и тотален хаос а власта не мрда со прст.
Скопските маала се претворија во бетонски џунгли. Нема место за паркирање. Децата немаат каде да играат. Граѓаните се измамени, купуваат сомнителни станови без соодветни документи, без правна сигурност.
Иста е сликата и за Кисела Вода под водство на Орце Ѓорѓиевски. Сомнителни тендерски мрежи, зеленило што исчезнува, урбанистички планови кои ги туркаат интересите на бизнис елитите.
Орце не е кандидат за доброто на граѓаните на Скопје, туку извршител на бизнис интерсите на ВМРО-ДПМНЕ.
Орце е кандидат на структурата која го создаде урбанистичкиот хаос, и во Чаир, и во Кисела Вода и во Скопје.
Затоа Орце е дел од проблемот а не дел од решението. Со Орце ништо не се менува. Глас за Орце е глас за да продолжи урбаното дивеење.
Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе мисли само на профитот на бизнис елитата на власт, на штета на граѓаните. Овој модел, кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ мора да биде поразен на локалните избори.
Скопје е град во кој граѓаните треба да живеат а не партиска територија за богатење на поединци во власта.
Скопјани тоа не го заслужуваат. Време е за промени во Скопје, за почитување на законите и конечно да се стави крај на урбаната мафија и чиста животна средина“, изјави Јовица Јанковиќ, СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟤𝟥 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.
„Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута, целосно е анонимна и при нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат со скенирање на QR-кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика“, велат од општина Аеродром.
„Секоја оцена, мислење и искуство од граѓаните ќе послужи како значајна основа за унапредување на услугите и за подобрување на вкупниот квалитет на работењето на општина Аеродром.
Општина Аеродром изразува благодарност до граѓаните за укажаната доверба и за активното учество во процесите што придонесуваат кон развој на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа“, се додава во соопштението на општина Аеродром.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Во согласност со податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 22.12.2025, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10-честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

