Црна хроника
Жена од Тетово измамена за 2.000 евра: ѝ кажале дека ќерка ѝ предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје со смртни последици
Вчера во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје.
Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје.
Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична пријава за две лица од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата, соопшти полицијата.

