Свет
Финскиот претседател: Русија намерно поставува барања што се неприфатливи за другата страна
Финскиот претседател Александер Стаб верува дека во тековните преговори за завршување на војната Русија намерно поставува барања што се неприфатливи за другата страна. Стаб во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Кремљ спроведува „типични руски преговарачки тактики“.
„На почетокот кажувате едно, а потоа почнувате да се повлекувате. Тоа се случува цело време“, предупреди тој. Во гостување на американскиот телевизиски канал Стаб нагласи дека е многу важно американската публика да разбере што значат руските територијални претензии.
„Ако го земете она што Путин го бара од Украина и го споредите со Соединетите Американски Држави, тоа е безмалку како Соединетите Американски Држави да се откажат од Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија, дури и од Мериленд, и да создадат еден вид суперавтопат што можете да го користите за напад врз Њујорк. Значи, тоа е сосема неприфатливо. Тој го знае тоа, но продолжува да го бара“, рече тој.
Тој потсети дека Русија се обидува да го окупира целиот Донбас од 2014 година и сè уште не успеала. „Путин има 75 % од Донбас, но му требаа 12 години, а 50 % од тоа дојде веднаш на почетокот. Значи, тој навистина напредува малку по малку“, рече тој.
Претходно, медиумите објавија дека за време на разговорите во Белата куќа на 18 август украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери го споредија предавањето на дел од Донецката област на Русија со тоа како САД да се откажат од дел од Флорида.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

