Свет
Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари
Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.
على الهواء مباشرة… إسرائيل تقصف طواقم الدفاع المدني أثناء محاولتها انتشال جثمان الصحفي حسام المصري الذي ارتقى إثر قصف إسرائيلي لمستشفى ناصر.
جرائم متسلسلة أمام أعين العالم أجمع pic.twitter.com/6bzPn2gfCV— Ramy Abdu| رامي عبده (@RamAbdu) August 25, 2025
Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри.
Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон местото на првиот удар.
Al Jazeera journalist among 14 killed in Israeli strike on Gaza hospital
Read more at: https://t.co/mxYLWxJlSO#Israel #Palestine #Gaza #IsraelAirstrikes #Death #AlJazeera #Photojournalist #MohammadSalama
— Mathrubhumi English (@mathrubhumieng) August 25, 2025
Очевидци изјавија дека нападите следувале по пристигнувањето на спасувачите и медиумските екипи на местото на првиот напад.
Four Palestinian journalists among the people killed in Israeli attack on Nasser Hospital in southern Gaza
📸 @anadoluimages / Monday August 25, 2025 pic.twitter.com/OSM697pXWU
— Clauda Tanios (@ClaudaTanios) August 25, 2025
Еден спасител бил меѓу загинатите, а здравствените службеници ги идентификувале новинарите Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.
Four Palestinian journalists among the people killed in Israeli attack on Nasser Hospital in southern Gaza
📸 @anadoluimages / Monday August 25, 2025 pic.twitter.com/OSM697pXWU
— Clauda Tanios (@ClaudaTanios) August 25, 2025
„Асошиетед прес“ потврди дека меѓу убиените во израелските напади врз болницата „Насер“ е и нивната колешка, 33-годишната новинарка Маријам Дага.
Во соопштението тие велат дека Дага често известувала од болницата и дека нејзините последни статии биле за неисхранети деца во Газа.
„’Асошиејтед прес’ е шокиран и тажен од веста за смртта на нашата колешка Маријам Дага заедно со неколку други новинари во Кан Јунис. Маријам редовно известуваше од болницата ‘Насер’, а нејзината работа вклучуваше моќни приказни за гладот и за неисхранетоста кај децата. Таа работеше за ‘Асошиетед прес’ и за други медиуми. Правиме сè што можеме за да ги заштитиме нашите новинари во Газа додека тие продолжуваат да донесуваат витални сведоштва од терен“, се вели во соопштението на агенцијата.
Израелската војска (ИДФ) издаде соопштение по нападот врз болницата.
„Началникот на Генералштабот нареди што е можно побргу да се спроведе почетна истрага. Израелските одбранбени сили жалат за сите невини жртви и не ги таргетираат новинарите како такви. Војската дејствува за да ја минимизира штетата врз невините, а воедно да ја одржува безбедноста на израелските сили“, се вели во соопштението.
Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелски напади, според Палестинскиот сојуз на новинарите, како што објави „Ројтерс“.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Политико: Унгарија, Чешка и Словачка се обидуваат да формираат сојуз на скептици за Украина
Унгарија се стреми да ги здружи силите со Чешка и Словачка за да формира блок од земји во Европската Унија кои се скептични кон понатамошна помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува Политико.
Балаш Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според него, целта е да се координираат ставовите пред состаноците на лидерите на ЕУ, што вклучува одржување состаноци пред самите самити.
Иако сè уште не е постигнат силен политички сојуз, неговото формирање би можело значително да ги комплицира напорите на ЕУ да обезбеди финансиска и воена поддршка за Украина, наведува Политико.
„Мислам дека тоа ќе се случи – и ќе стане сè повидливо“, рече Балаш Орбан, кога беше прашан за можноста за формирање блок на скептици за Украина во Европскиот совет.
Тој потсети на моделот на соработка на таканаречената Вишеградска група на четворката (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) за време на мигрантската криза. „Тоа функционираше многу добро за време на мигрантската криза. Така успеавме да се спротивставиме“, рече тој, осврнувајќи се на периодот по 2015 година, кога евроскептичната партија „Право и правда“ беше на власт во Варшава.
Според „Политико“, новиот сојуз би се состоел од три, а не од четири члена. Сегашниот полски премиер од централно-десничарската партија, Доналд Туск, е цврсто проукраински ориентиран и веројатно нема да се приклучи на каков било сојуз со унгарскиот премиер.
Унгарскиот премиер, кој е на власт во последните 15 години, се соочува со борба за реизбор следната година. Според анкетата на јавното мислење на која се повикува изданието, партијата „Тиса“ на лидерот на опозицијата Петер Маѓар во моментов е попопуларна од партијата „Фидес“ на Орбан.
фото: принтскрин
Свет
Метеоролог од Јамајка: Ова би можело да биде невиден настан
Иако Јамајка доживеала разорни урагани, како што е ураганот Гилберт од категорија 4 во 1988 година, директниот удар од бура од категорија 5 би бил без преседан, рече Еван Томпсон од Метеоролошката служба на Јамајка. Мелиса се движи и многу побавно од Гилберт, што значи дека жителите ќе мора да бидат засолнети со денови, а некои заедници би можеле да бидат отсечени со недели.
Стравот е опиплив кај локалното население, извести Ројтерс. Дамијан Андерсон, наставник во градот Хагли Геп во Сините Планини, рече дека патиштата веќе се непроодни.
„Не можеме да се движиме. Исплашени сме. Никогаш порано не сме виделе нешто вакво да трае со денови“, рече тој.
фото: принтскрин
Свет
Четири лица загинаа во обилните дождови на Хаити и Доминиканската Република
Ураганот Мелиса веќе ја покажа својата деструктивна моќ. На Хаити и Доминиканската Република, обилните дождови одзедоа најмалку четири животи. На Хаити, земја опустошена од насилство меѓу бандите, повеќе од 3.650 луѓе се сместени во привремени засолништа.
Подготовките се во полн ек и во Куба, каде што властите евакуираа повеќе од 500.000 луѓе од крајбрежните и планинските области.

Само во областа околу Сантијаго де Куба, вториот по големина град на директната патека на ураганот, повеќе од 250.000 луѓе се однесени во засолништа. Наредби за евакуација издаде и премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, за јужните и источните делови од архипелагот.
фото: принѕтскрин

