Забава
Џенифер Анистон повторно го диктира трендот: ова е хит фризурата за 2025
Џенифер Анистон (повторно) го открива трендот што ѝ дава волумен, движење и младешки изглед на долгата коса – едноставно и гламурозно.
View this post on Instagram
Џенифер Анистон, жената чија фризура „рејчел“ ги одбележа целите 90-ти, повторно е заслужна за враќањето на слоевитата коса на голема врата.
Во соработка со својот бренд LolaVie таа претстави нова верзија – таканаречениот C-cut или curve-cut, а светот на убавината веднаш ја препозна како фризура на годината.
Она што некогаш беа строго дефинирани слоеви, сега доби помека, посовремена форма, што лесно се вклопува во денешниот лежерен пристап кон негата и стилизирањето на косата. C-cut е практичен и во исто време гламурозен и многу ласкав бидејќи елегантно го врамува лицето и дава младешки, софистициран изглед.

Што е C-cut?
C-cut е слоевита фризура, каде што пократките прамни нежно го врамуваат лицето, а должината постепено продолжува надолу во заоблена форма на буквата C. Резултатот е коса што изгледа меко, волуменозно и секогаш во движење, без ненадејни транзиции или тежина.

Оваа фризура одговара на сите типови и текстури на коса – од права и тенка до густа и виткана – и секогаш ги нагласува природните црти на лицето, ја омекнува острината и дава младешки впечаток.
Зошто оваа фризура е хит во 2025 година?
C-cut е победничка бидејќи комбинира ретро шарм и модерна леснотија. Нејзината популарност експлодира на социјалните мрежи, особено на „Тик-ток“, каде што корисниците споделуваат трансформации, кои покажуваат како оваа фризура веднаш го освежува изгледот. Меките слоеви ги кријат непријатните фази на раст на косата, а разновидната приспособливост ѝ овозможува да изгледа одлично на сите должини и типови коса.
Славните личности, како Хејли Бибер и Луси Хејл, веќе ја усвоија потврдувајќи дека тоа е стил што истовремено зрачи со ретро елеганција и модерна лежерност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

