Забава
Септемвриската плата го менува животот на еден хороскопски знак
Септември носи неочекувани пресврти за хороскопските знаци, но за еден знак – тоа е месецот што сè менува. Ако сте родени во знакот на Девица, подгответе се: вашата септемвриска плата би можела да ви го промени животот засекогаш.
Зошто Девица?
Астролозите велат дека Девиците отвораат финансиски можности кои претходно биле недостижни. Без разлика дали станува збор за зголемување на платата, нова работа или неочекуван бонус – парите доаѓаат од насока за која никогаш не сте сонувале.
И не, не е среќа, туку плод на вашата доследност, труд и посветеност.
Практичен совет за Девица
Ако сте Девица, искористете го септември за да направите паметни финансиски потези. Инвестирајте во нешто што ќе ви донесе долгорочна стабилност – без разлика дали станува збор за образование, заштеда или започнување сопствен бизнис. Ова не е време за губење пари, туку за стратешко планирање.
Како да ги препознаете знаците на промена
Можеби веќе чувствувате дека нешто се менува – повеќе повици, повеќе можности, поголема самодоверба. Ова не е случајност. Универзумот ви испраќа сигнали и од вас зависи да ги препознаете и искористите. Не ја игнорирајте вашата интуиција – таа е ваш сојузник.
Многу Девици веќе ги чувствуваат промените – тие се најавуваат со зголемување на платите, се отвораат можности за дополнителни проекти, а нивната финансиска состојба се движи во позитивна насока.
Сè се случува брзо, честопати во рок од неколку дена. Овој период носи конкретен напредок, а оние кои трпеливо работеле и вложиле труд конечно ги гледаат резултатите. Ако сте Девица, ова е вашиот момент да блеснете.
Септември е вашиот месец. Ако сте Девица, не само што ќе доживеете финансиски раст, туку ќе имате и можност да изградите темели за сосема нова фаза од вашиот живот. Не чекајте – започнете сега.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“
Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.
Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:
„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“
Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.
Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:
„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“, која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.

