Забава
(Фото) Втората ќерка на познатата манекенка, конечно, го покажа своето лице
Иако ретко ја гледаме во јавност, најмладата ќерка на поранешниот топ модел Хајди Клум одлучи да го покаже своето лице, само поради љубовта на нејзината мајка.
Хајди Клум и нејзината постара ќерка Лени Клум одамна ја стекнаа титулата „најбараното дуо“ во светот на манекенството. Тие често се појавуваат заедно на големи настани, а неодамна ја заинтригираа јавноста на Филмскиот фестивал во Венеција.
Но, се чини дека Хајди сега одлучи да ја покаже својата друга ќерка – онаа која ретко се појавува во јавноста. Станува збор за 16-годишната Лу Самуел, која ја доби во бракот со пејачот Сил.

Според извештаите на странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан во Малибу, каде што Том Каулиц, сегашниот сопруг на Хајди Клум, организирал роденденска забава.
Heidi Klum, 51, is the SAME height as her daughter Lou, 15, while they hold hands in Malibu https://t.co/YTQt2AKuMd
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 2, 2025
Додека Лу се одлучи за минималистичка комбинација – здолниште и „оверсајз“ блуза, поранешната манекенка избра драматична комбинација.
Хајди носеше црно боди кое ги истакна нејзините гради. На комбинацијата е додадена мрежеста ткаенина која му даде на стилот доза на сексапил.
Изгледот го надополни со брановидна фризура и едвај забележлива количина шминка.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.
Забава
Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом
Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.
На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.
Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually), ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.

