Забава
Биографскиот филм на Мадона сè уште е во подготовка, откри актерката Џулија Гарнер, која ќе ја глуми музичката икона
Актерката Џулија Гарнер потврди дека долгоочекуваниот биографски филм за Мадона, во кој таа треба да ја глуми музичката икона, сè уште е во процес на работа. Проектот беше ставен на пауза во 2023 година поради светската турнеја Celebration на Мадона, која траеше до мај 2024.
Гарнер, позната по улогите во Ozark и Inventing Anna, ја доби улогата по интензивен кастинг-процес, каде што се натпреваруваше со имиња како Флоренс Пју и Сидни Свини. Таа откри дека морала да пее и да танцува пред самата Мадона за да ја убеди дека е вистинскиот избор.
„Сè уште работиме на филмот“, изјави Гарнер за W Magazine. „Не можам да откријам многу, но да – проектот е жив“.
Мадона, по завршувањето на турнејата, потврди дека го доработува сценариото, но датумот на премиера сè уште не е објавен од „Јуниверзал пикчерс“.
Гарнер сподели и дека нејзини омилени песни од Мадона се Papa Don’t Preach, Borderline и Vogue, како и албумот Confessions on a Dance Floor.
„Сакам сè од Мадона“, рече таа. „Особено нејзиниот глас во Papa Don’t Preach – има толку многу емоции“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Андријана Јаневска: Публиката во „Лисински“ во Загреб заедно со мене ги пееше „Зајди, зајди“ и „Јовано, Јованке“
Македонската пејачка Андријана Јаневска извести дека настапила во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб на јубилејниот 20-ти концерт „Севдах во Лисински“.
„На барање на организаторот ја изведов легендарната „Зајди, зајди јасно сонце“, како и „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“ во придружба на оркестар составен од 11 врвни музичари од Босна и Херцеговина.
Посебен момент на гордост како единствена Македонка на сцената почувствував кога публиката заедно со мене ги пееше македонските народни песни“, вели Јаневска.
Забава
Еден знак ќе добие купишта пари до крајот на ноември: среќата секогаш ги следи
Само еден хороскопски знак одеднаш добива голема сума пари и го чека неверојатен пресврт на судбината, велат астролозите.
Астролозите истакнуваат дека Бикот ќе биде еден од најсреќните хороскопски знаци до крајот на ноември. Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за големи пари околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Бик – парите секогаш доаѓаат кога им се потребни
Биковите се познати по својата смиреност и способност да останат стабилни кога другите го губат тлото под нозете. Нивниот практичен пристап и чувството за профитабилни можности им носат пари во вистинско време. Иако не веруваат слепо во среќата, таа често се чини дека ги следи.
Периодот што претстои им носи стабилност, нови можности и внатрешен мир. Додека претходните месеци беа обележани со предизвици и преиспитувања за многу Бикови, ноември им носи награда за трпение и упорност.
Имено, позицијата на ѕвездите до крајот на ноември 2025 година укажува дека Бикот има најголема шанса да се збогати на игри на среќа.
Астролошки, Бикот најмногу се издвојува до крајот на ноември како знак со најголема шанса за добивка на игри на среќа.
Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, е во Рак и прави поволни аспекти со Сатурн и Марс, што носи ненадејни пресврти и непредвидени добивки. Оваа комбинација му дава можност на Бикот да доживее ненадеен финансиски пресврт во своја корист токму кога сè изгледа мирно.
Среќата им доаѓа неочекувано, а тие имаат најголем потенцијал за „вреќа со пари“ околу полната месечина (5 ноември) и последната недела од ноември.
Ако Бикот го послуша својот внатрешен глас и одигра број или комбинација што му се појавува сама по себе, може да очекува неверојатен пресврт на судбината и голема количина пари во паричникот.
фото: принтскрин
Забава
Едноставна комбинација ги решава наслојките од маснотии и го враќа протокот на вода во мијалникот
Замислете ја оваа ситуација што веројатно веќе сте ја доживеале – миете куп садови, водата во мијалникот едноставно престанува да тече, а одводот почнува да испушта чуден звук. О, не, затнат одвод! Како да го поправите тоа, без да ги повторувате процедурите што вклучуваат сода бикарбона и оцет?
Главната причина зошто одводите се затнати е тоа што остатоци од храна, детергент и маснотии влегуваат во цевките секој ден и на крајот ги затнуваат.
Газираната комбинација од сода бикарбона и оцет е неефикасна во борбата против маснотиите во затнатите одводи. Ова е затоа што сода бикарбоната е база, оцетот е киселина, а нивната хемиска реакција произведува вода со мала количина сол во неа, а не средство за чистење одводи. Оцетот и сода бикарбоната се многу популарни состојки кога станува збор за чистење без хемикалии, но иако се одлични за отстранување дамки, тие не може да ја разградат маснотијата или маслото што ги затнува одводите.
И оцетот и сода бикарбоната мож да го исчистат одводот, но нема да го раствори затнувањето, а премногу сода бикарбона во одводот може да ја влоши состојбата.
Сè што ви треба е мешавина од течност за миење садови и врела вода. Детергентот е дизајниран да ги разградува маснотиите и маслото, па затоа бргу ќе ги раствори мастите, а топлината од топлата вода ќе помогне да се олабават наслојките во цевките.
Како да ја направите смесата?
Сварете помеѓу половина литар и еден литар вода, во зависност од големината на вашиот одвод, а потоа додадете околу 120 мл течност за миење садови. Оставете го детергентот да отстои во водата неколку минути, а потоа внимателно истурете ја топлата смеса во одводот и почекајте уште неколку минути за да се исцеди низ цевките.
Набргу ќе забележите дека водата почнува да се исцедува сè побрзо и побрзо оставајќи го вашиот мијалник чист и функционален. Ако водата сè уште бавно се исцедува, повторете го процесот уште неколкупати.
фото: принтскрин

