Македонија
ФЗОМ размената на податоците по електронски пат ќе ја остварува и со Фондот на Република Српска
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија потпиша договор за електронска размена на податоци со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Српска.
Директорот на Фондот на ПИОСМ, Никола Мемов, рече дека со потпишувањето на овој договор се заокружува регулирањето на размената на податоците од оваа област со државите од поранешна Југославија и претставува чекор напред во соработката што, секако, е во интерес и на корисниците на услугите на Фондот. Тој додаде дека соработката со Фондот на Република Српска во наредниот период треба да се прошири со размена на други податоци од интерес на двата фонда, а со што ќе се олесни и забрза процесот на остварувањето на правата од оваа област.
Директорот на Фондот на ПИО на Република Српска, Младен Милиќ, истакна дека потпишувањето на договорт е заоркужување на еден процес што треба да придонесе во точноста на податоците што се користат и разменуваат. Тоа, како што потенцира Милиќ, ќе овозможи да се исклучат можните грешки и да се подигне квалитетот на услугите за осигурениците од двете земји.
Договорот предвидува размена на податоци потребни за редовна исплата на пензија поради спречување неосновани исплати поради смрт на корисникот на пензија меѓу Фондот на ПИОСМ и Фондот на ПИО на Република Српска. Со него се регулираат и целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците што се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.
На средбата беше потпишан и технички протокол за спроведување на договорот од страна на Нехат Мустафа, директор на секторот за информатика, и Велибор Максимовиќ, помошник-директор за информатичка технологија. Исто така, беа назначени и контакт-лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

