Соопштенија
Бизнис-кредит од Mint Credit – ваш бизнис, ваше темпо
Дали сте стартап со големи планови или веќе успешен бизнис што сака да се прошири? Со Mint Credit, вашата амбиција добива финансиска поддршка. Нашиот бизнис кредит е можноста што секој претприемач ја заслужува кога има јасна визија, но му недостасуваат средства за да ја реализира. Mint Credit е финансискиот партнер кој ви го дава потребниот поттик за раст.
Бизнис Кредит од Mint Credit – Зошто е совршениот избор за вашиот бизнис Бизнис кредитот од Mint Credit е финансиски производ создаден за правни лица. Тој е дизајниран за да ви овозможи брз и лесен пристап до средства кои ви се потребни за инвестирање, проширување или едноставно за одржување на дневната ликвидност на вашето претпријатие.
За разлика од другите финансиски решенија, овој кредит за бизниси е специјално креиран за да одговори на динамичните потреби на современите компании.
Тоа е можност да го развиете вашиот бизнис, да купите нова опрема, да вработите нови луѓе или да отворите нова локација. Бизнис кредитот ви дава финансиска слобода да дејствувате брзо и ефикасно, без да мора да чекате.

Што нудиме со нашиот бизнис кредит?
Со Mint Credit знаете дека нема чекање со недели или месеци – тука сме да реагираме брзо, затоа што времето е најважниот ресурс на секој бизнис. Со нашите бизнис кредити за правни лица, вашата компанија може да добие финансиска поддршка тогаш кога ви е најпотребна.
· Износ до 1.000.000 МКД – за вашите бизнис проекти и проширувања.
· Рок на отплата до 60 месеци – планирајте долгорочно и без притисок.
· Грејс период до 24 месеци – дополнителна флексибилност.
· Каматна стапка од 9% – транспарентни услови, без непријатни изненадувања.
· Брза постапка – добивате одговор и средства без непотребна бирократија.
Како функционира? Брзината е клучот!
Целиот процес за добивање на кредит за бизнис е максимално поедноставен и забрзан. Нема долги редови, нема чекање со недели. Со нас, времето работи за вас.
1. Аплицирајте онлајн: Започнете со апликација со само неколку кликови на нашата веб-страна Mint Credit. Нашиот дигитален пристап овозможува брзо пополнување на сите потребни информации.
2. Брза проценка: Нашата напредна технологија овозможува брза проценка на вашата апликација. Нема чекање со денови или недели. Ние се стремиме да ви дадеме одговор во најкраток можен рок.
3. Исплата без чекање: Штом вашата апликација е одобрена, средствата се исплаќаат веднаш. Тоа значи дека веднаш ќе можете да почнете да ја користите финансиската поддршка за да ги остварите вашите бизнис цели.
Кој може да аплицира за финансирање на бизниси?
Секое правно лице кое има јасна визија и амбиција може да аплицира за кредит кај нас. Без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири, Mint Credit е тука да ве поддржи.
Овој брз пристап кон финансирање за бизниси е посебно важен за стартапите, кои честопати се соочуваат со итни финансиски потреби за да го одржат темпото на раст.
Стартапите се срцето на иновациите, но често им недостасува почетен капитал. Со Mint Credit добивате финансиска стабилност уште од самиот почеток . Нашиот кредит за бизниси е вистинскиот одговор за да го претворите вашиот потенцијал во реалност.
Предности на бизнис кредитот
1. Финансиска сигурност – добивате капитал што ви овозможува да инвестирате без да го загрозите тековното работење.
2. Можност за развој – дополнителните средства ви овозможуваат нови инвестиции и проширување на пазарот.
3. Долгорочна стабилност – со рок до 60 месеци, можете лесно да го планирате отплаќањето.
4. Поддршка за раст – нашите кредити за правни лица се наменети да ја зајакнат вашата компанија и да ви овозможат да постигнете повеќе.
5. Поддршка за визионери – кредит за стартапи којшто верува во вашата идеја уште пред да стане голема приказна.
Mint Credit – Вашиот партнер за успех!
Mint кредитот за бизниси е креиран со разбирање на предизвиците со кои се соочуваат бизнисите. Mint Credit ви нуди можност да го финансирате вашиот бизнис план, да ги покриете првичните трошоци и да го започнете вашиот бизнис со полна пареа.
Време е да ги реализирате вашите амбиции. Контактирајте нè денес и дознајте како нашиот бизнис кредит може да го трансформира вашиот бизнис.
За повеќе информации контактирајте нè на телефон 15 107, или во некоја од нашите филијали ширум државата.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Реплек“ во јубилејната 2025 година со раст на профитабилноста и стратегија за експанзија на извозот
Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност во работењето, дури и во услови на интензивни инвестициски активности.
Остварените позитивни резултати во 2025 година се должат на стратешкиот пристап на компанијата, ефективноста во управувањето со трошоците, и променетиот пристап за освојување на нови пазари и зајакнување на портфолиото. Како извозно ориентирана компанија „Реплек АД Скопје“, 75% од своите приходи ги остварува од странски пазари, додека останатите 25% се остваруваат на домашниот пазар. Компанијата е присутна на 25 пазари во светот, а според бизнис планот во следниот период, фармацевтското портфолио на компанијата ќе биде присутно на 40 пазари, односно 15 нови пазари. Тоа значително ќе ги зајакне позициите на компанијата, но и растот на приходите и профитабилноста.
„Деловните резултати што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда дека ‚Реплек’ е позиционирана како силна и стабилна фармацевтска компанија, со јасна визија за долгорочен раст и развој. Успешно завршената година е резултат на доследно спроведената стратегија на континуирани инвестиции во иновации, модернизација на производствените капацитети и храброто освојување на нови пазари, како и на продлабочувањето на партнерствата на постојните. Особено нѐ охрабрува фактот што успеавме да го зголемиме и одржуваме извозот, што е најсилен доказ дека нашите производи ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди и се високо конкуренти, што се должи на посветеноста и професионалноста на целиот тим на ‚Реплек’. Токму во освојувањето на нови пазари, на што посветено работиме, го гледаме најголемиот потенцијал за раст. Остануваме силно посветени на нови инвестиции во технологии, луѓе и знаење и продолжуваме да бидеме компанија што создава долгорочни вредности за заедницата и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Вкупните приходите од продажбите на „Реплек“ во периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2025 година изнесуваат 34 милиони евра, што претставува раст од 8% во споредбата со 2024 година, и е доказ за континуираната динамика на раст и стабилното пазарно присуство на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 8,6 милиони евра, задржувајќи силна позиција и континуирано присуство во клучните сегменти. Преку извозните активности, пак, компанијата оствари приходи од 25,4 милиони евра, потврдувајќи ги своите позиции на странските пазари.
Минатата година, „Реплек“ успешно го имплементираше новиот ERP систем со премин на SAP S/4HANA, со што беше унапредена ефикасноста и контролата на деловните процеси. Компанијата реализираше значајна инвестиција во нов современ производствен блок по највисоки фармацевтски стандарди, со што се модернизира и автоматизира производствениот процес и се зголеми капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25%. Инвестицијата вклучи најсовремена технолошка линија со напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време. Дополнително, успешно беа лансирани девет нови производи на пазарот, со што се збогати понудата за потрошувачите и се зајакна иновативноста и флексибилноста на компанијата.
Bottom of FormФокусот ќе остане на натамошно зајакнување на пазарното присуство, одржлив раст на продажбите, како и континуирано унапредување на профитабилноста, со цел создавање долгорочна вредност за акционерите. Компанијата останува посветена на принципот на висока транспарентност во работењето, кој особено се зајакнува по нејзиното вклучување во МБИ10 индексот на Македонската берза. Потврда за тоа беше и наградата што ја добри „Реплек“ за најтранспарентна компанија од Македонската берза во избор на новинарите, што уште повеќе ја потврдува посветеноста на компанијата кон високите стандарди на отчетност кон јавноста и инвеститорската заедница.
(ПР)
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)

