Македонија
ДОМ: Независноста ја обврзува Македонија да избере зелена и европска иднина

„Денес на 8 септември ја одбележуваме независноста, денот кога пред 34 години граѓанките и граѓаните на Македонија ја потврдија својата волја за самостојна и слободна држава. Оваа историска одлука создаде политичка обврска кон идните генерации да градат општество на правда, одговорност и грижа за луѓето и природата“, велат од ДОМ.
„Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) потсетува дека независноста е вредност која се брани секојдневно со чесна политика, со почитување на јавниот интерес и со визија за европска Македонија. Нашата определба е независноста да ја надградуваме со зелени политики што гарантираат здрава животна средина, правична економија и демократски институции.
Истовремено, независноста е и постојан потсетник дека државата им припаѓа на сите граѓани и граѓанки. Нејзината иднина не смее да биде заложник на корупцијата, клиентелизмот и краткорочните интереси на поединци и големите политички партии. Само преку отвореност, инклузивност и партнерство со граѓаните и граѓанките може да се изгради силна и отпорна демократија.
За зелената партија ДОМ, независноста има и еколошка димензија, бидејќи вистинската слобода е можна само во здрава и чиста животна средина. Борбата против загадувањето, правичната енергетска транзиција и заштитата на природните богатства се услов за идните генерации да живеат достоинствено во сопствената земја.
Во пресрет на претстојните избори, ја испраќаме пораката дека независноста не е завршена приказна, туку процес кој бара нова енергија и нова политичка чесност. Токму затоа, ДОМ заедно со „Коалицијата за зелена иднина“ ја гради алтернативата што ќе ја врати довербата во политиката, ќе обезбеди европска иднина и ќе им даде достоинствен живот на граѓанките и граѓаните. Честит нека е Денот на независноста на Македонија!“, се наведува во соопштението од ДОМ по повод 8 Септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.