Забава
Украинката Ирина го загуби окото во пукање, па позира за „Плејбој“ и ги воодушеви сите: „Изгледав како Франкенштајн“

Украинката и мајка на три деца Ирина Билоцерковец преживеа обид за атентат за време на руската инвазија, но, за жал, го изгуби едното око.
Тоа не ја спречи храбро да го продолжи својот живот, а денес е активна на сите социјални мрежи.
Ирина, чиј сопруг е соработник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, често објавува фотографии на „Инстаграм“ и можеме да кажеме дека денес изгледа нереално.
View this post on Instagram
Нејзините модни изданија привлекуваат внимание, а нејзината вистинска убавина е секогаш во преден план.
Ирина стана центар на медиумското внимание кога позира за специјално издание на списанието „Плејбој“ во 2023 година.
View this post on Instagram
Украинката преживеа обид за атентат, но, за жал, го изгуби едното око. Потоа се најде на насловната страница на гореспоменатото издание и потценување е да се каже дека ги плени сите со својот изглед.
View this post on Instagram
Во интервју за списанието Ирина зборуваше за тешките моменти по нападот, како и за борбата за својот гол живот.
View this post on Instagram
„Лекарите во Украина рекоа дека веројатно нема да преживеам. Не се согласив“.
За среќа, таа преживеа, но последиците останаа. Таа го изгуби окото, доби скршена вилица, а лузните од обидот за атентат сѐ уште се видливи на нејзиното тело до ден-денес.
Iryna was a TV presenter. She is married to Kyiv Mayor Klitschko’s aide.
She lost her eye & suffered a broken jaw requiring major reconstructive surgery. Both of the Klitschko brothers were on the Wagner PMC assassination list issued by Putin for the onset of the invasion. pic.twitter.com/g4DCVl51b7— Igor Sushko (@igorsushko) August 5, 2023
„Не беше прашање на зачувување на мојата убавина, туку дали ќе живеам или не“, нагласи Ирина додавајќи:
„Шевови, лузни, рани насекаде; изгледав како Франкенштајн. Вилицата ми беше скршена како гранче. Веќе немам убаво лице, но остатокот од моето тело е прекрасен“.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Девет години мир, среќа и пари за нив – сосема заслужено

Универзумот има планови кои не се случуваат секој ден. Три хороскопски знаци влегуваат во период од дури 9 години изобилство, среќа и внатрешен мир.
Ако сте родени под еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се секој аспект од вашиот живот – од љубов и финансии до личен развој – да процвета на неочекувани начини.
Според астролошките прогнози, до 2034 година, овие хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет.
Стрелец – истражување и личен раст
Стрелците ќе имаат можност да постигнат лични цели и да истражуваат нови области во следните девет години. Нивната иницијатива и оптимизам ќе придонесат за личен развој, како во нивниот професионален, така и во приватниот живот.
Бик – стабилност и награда за труд
Биковите, благодарение на нивната издржливост и стабилност, ќе прават постепен напредок кон остварување на своите соништа. Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со заслужена награда за нивната напорна работа.
Вага – Внатрешен мир и креативност
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години. Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.
Како да го искористите овој период на среќа
– Следете ја вашата интуиција и отворено прифатете ги можностите што се појавуваат.
– Фокусирајте се на личен развој и подобрување на вашите вештини.
– Негувајте квалитетни врски во љубовта, семејството и пријателството.
– Мудро управувајте со вашите финансии и планирајте идни проекти.
Ова е период што не треба да се пропушти – ако сте Стрелец, Бик или Вага, предодредени сте да живеете во изобилство и внатрешен мир до 2034 година!
фото: принтскрин
Забава
Герасимовски и Викторија Лоба: Утре, во Паркот на франкофијата музички хепенинг со најпознатите македонски музичари

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.
Забава
Една од најбараните модели на денешницата планира да се пензионира

Една од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, е ѕвездата на новата насловна страница на „Вог“.
Таа ја делеше насловната на познатото списание со својата колешка и долгогодишна пријателка Џиџи Хадид и може да се каже дека двете убавици блескаа.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече Кендал и нејзината контроверзна изјава. Имено, таа планира засекогаш да ја напушти модната писта за да се посвети на дизајнот на ентериер.
„Се колнам, се откажувам од сè и само ќе дизајнирам ентериери на куќи. Не е шега“, рекла таа.
View this post on Instagram
Се чини дека рефлекторите повеќе не ѝ одговараат, а таа сака потивок живот за себе.
View this post on Instagram
„Го сакам просторот во Лос Анџелес, но го сакам и едноставниот живот. Обожавам да се будам секое утро и да облечам костим за капење или тренирка, без шминка. И обожавам да бидам слободна цел ден“, додаде таа.
View this post on Instagram
Животот и воспитувањето на Кендал беа во центарот на вниманието, а кога се појави во реалното шоу Keeping Up With The Kardashians имаше само 11 години.
View this post on Instagram
Подоцна стана една од најплатените модели на новата генерација, а нејзиното рано пензионирање може да го потресе светот на модата.
фото: принтскрин