Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

„Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска“, вели Јованче Манасков од СДСМ.
„Иако, самата Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, дека нема да има парталави учебници, дека тие ќе бидат заменети со нови, реалноста денеска е поразителна, учебници нема, а тие што ги има се искинати и неупотребливи.
Со една работа се пофали Јаневска и излажа! Учебници нема!
Признанието на Јаневска дека учебници нема, но дека допрва ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно.
Па што му е работа на Министерството за образование и наука, да моли донации или навреме да обезбеди книги за децата?!
За што е платена Весна Јаневска од граѓаните? За сликање или за обезбедување на основните услови за настава?
Не може учениците и родителите да бидат жртви за оваа неспособност. Поради неспособноста да обезбеди основни услови во образованието, бараме оставка од министерката Весна Јаневска.
Учениците, родителите и наставниците заслужуваат образовен систем кој функционира“, соопшти Јованче Манасков од СДСМ.
Македонија
Исчезна 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовско Фалише, полицијата и семејството го бараат од вчераутро

Семејсвото и полицијата го бараат 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски (роден 1.5.1942). Излегол од својот дом во Фалише вчера во 10 часот со намера да оди кон Тетово и семејството не може да го најде.
Облечен е во блуза со крагни и со пруги, сини кратки панталони и со шапка на глава со крем боја.
Семејството апелира ако некој го забележи веднаш да пријави во полиција, на бројот за итни случаи 192 или да се јави кај нив на борјот 077/993-984.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центарци добија современа теретана на отворено во Паркот на франкофонија

Општина Центар, на барање на жителите, постави теретана на отворено во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот.
Фитнес зоната располага со 17 справи наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и друго, извести Општината.
„Новата теретана е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот, од сите возрасти , ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Овие денови ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и прашкаста боја, што гарантира издржливост и отпорност на влага и атмосферски влијанија.
Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, се додава во соопштението од општина Центар.