Забава
Забременила со бесплатна сперма преку „Фејсбук“, а сега предупредува: „Никогаш не правете го тоа!“
Лаура Колдман од Англија ја сподели својата необична и ризична приказна за тоа како дошла до своето второ дете користејќи сперма од непознат човек, кој го запознала во група на „Фејсбук“. Иако денес вели дека нема ни трошка каење затоа што ѝ го донел светлото на животот, признава дека никому не би му препорачала да тргне по нејзиниот пат.
Борба за дете по секоја цена
По раскинувањето во 2018 година, Лаура останала самохрана мајка на шестгодишно дете, но копнеела да му подари братче или сестричка. Кога стандардните опции ѝ изгледале прескапи и комплицирани, се придружила на групи на „Фејсбук“, кои поврзуваат жени со потенцијални донори.
Само два месеца подоцна добила порака од донор, кој, според препораките во приватна група на мајки, изгледал проверено. Од декември 2020 до јули 2021 поминала низ четири обиди за самоинсеминација во неговиот дом во Шефилд и во јули дознала дека е бремена.
Во април 2022 година го родила својот син Калум Ентони Рајан, тежок 3,9 кг, во болницата во Лестер.
„Можеше да биде кој било – криминалец, психички нестабилен…“
Лаура признава дека процесот бил чуден и непријатен – донорот едвај проговорил, ѝ го донел примерокот во шприц во посебна просторија, таа сама се инсеминирала и по 20 минути си заминала дома.
„Ништо не знаеш за таа личност. Можеше да има криминално минато, ментални проблеми, генетски нарушувања, а јас никогаш тоа не би го дознала“.
Калум денес има три години и не зборува, а Лаура вели дека чека дијагноза за аутизам и дополнителни тестови за слух и говор. Верува дека неговите развојни тешкотии може да бидат поврзани со донорот затоа што и други мајки, кои ја користеле неговата сперма, наводно имаат деца со слични состојби.
„Не се каам, но никому не би му препорачала“
Иако истакнува дека Калум ѝ е сè на светот, Лаура денес им порачува на другите жени добро да размислат пред да се одлучат на ваков чекор:
„Нема гаранции, не знаеш со кого имаш работа. Јас ризикував затоа што посакував дете и не се каам, но апсолутно тоа не би го повторила и никому не би му го препорачала“.
Додава и дека со донорот последен пат се слушнала пред една година и дека му испратила само неколку фотографии од детето.
„И да одев на клиника, пак ќе земев сперма од странец. Но, барем овој го запознав во живо“, заклучува таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Брутална жена“: Убавата актерка во 50-тите години изгледа како девојче
Холивудската актерка Џесика Алба (44) се појави на Супербоул, на сцената откако Бед Бани ја покани да му се придружи, заедно со Рики Мартин и Лејди Гага.
Џесика стана особено интересна за медиумите по разводот од Кеш Ворен, со кого помина 17 години и доби три деца, а потоа се шпекулираше дека утеха пронашла во Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Убавата актерка е сè поактивна на социјалните мрежи, каде што најчесто објавуваше провокативни фотографии од плажа, но ниту оваа комбинација од Супербоул не е „за фрлање“.
Jessica Alba aging like fine wine pic.twitter.com/dW8vEodfwf
— Popcultureguy (@Pop_cultureguy) February 9, 2026
Џесика позираше во лежерна, street style комбинација што дефинитивно ќе сакате да ја копирате. Широките фармерки и бел корсет, со ефектна сива јакна – совршено се вклопуваат за ваков настан.
Младоста е она кон што сите се стремиме дури и во нашата петта деценија, а Џесика успева, особено по разводот.
„Таа не остарела ниту еден ден“, „Станува сè подобра со годините“, „Како е можно Џесика Алба сè уште да изгледа исто“, „Како оваа жена се грижи за себе“, „Брутална жена“, „Како девојче“, се некои од бројните коментари под објавите на кои се појавува убавата актерка.
Забава
(Видео) Лејди Гага на Супербоул, но сосема поинаква: „Оземпик го направи своето“
Контроверзната пејачка Лејди Гага се појави во Санта Клара на Супербоул, каде што настапи за време на полувремето со ѕвездата на вечерта, Бед Бани, кој ги воодушеви сите со својот избор и ја отпеа песната „Die With A Smile“.
Свои пет минути имаше и познатиот Рики Мартин, кој импресионираше со својот изглед многу повеќе отколку со својата песна, но ова не е ништо ново за него.
Лејди Гага за својот настап избра асиметричен син фустан со набори, кој го комбинираше со црвени сандали и црвен детаљ на едното рамо. Нејзината препознатлива руса коса и тука беше нејзин заштитен знак, а нејзиното лице загрижи многумина.
И покрај сето ова, во центарот на вниманието беше тоа што е многу ослабена, па некои на мрежата ја нарекоа „Оземпик Лејди Гага“.
„Дали е ова AI Лејди Гага?“, „Што се случи со нејзиното лице?“, „Оземпик го направи своето“, беа некои од коментарите на мрежата.
Се чини дека, покрај сè, Лејди Гага се забавуваше одлично, иако многумина пишуваат дека Бед Бани наводно ја поканил да биде негов гостин на сцената само затоа што му снемало идеи.
Забава
(Видео) Има 54 години, а изгледа двојно помладо: Хирурзите се во шок – не користи ботокс, филери…
Не е тајна дека познатиот пејач Рики Мартин привлекува внимание со својот изглед. За време на полувремето од овогодинешниот Супербоул, тој создаде вистински музички спектакл кој остави многумина без зборови – вклучувајќи ги и луѓето од медицинската област кои почнаа да се интересираат за неговиот беспрекорен изглед.
Иако има 54 години, пејачот изгледа двојно помладо, а пластичниот хирург Шон Мекнали ја анализираше структурата на неговото лице за да дојде до вистината!
Тој нагласи дека Мартин никогаш не бил негов пациент и дека својата проценка ја базира исклучиво на фотографии и видеа од настапи, пишува „Дејли меил“.
„Не ми изгледа како да имал големи козметички операции како што се лифтинг на лице, лифтинг на вратот или веѓите, или блефаропластика“, рече Мекнали. Сепак, две области на лицето, како што вели тој, се „значително подобрени“.
„Прво, обликот и волуменот на централниот дел од лицето“, објасни тој, додавајќи дека ова може да се постигне со дермални филери или калемење на маснотии.
Второто е подобрување на тенот и текстурата на кожата, што може да биде резултат и на употреба на филери во пределот на образите и вилицата.
„Филерите можат да помогнат во одржувањето на младешкиот изглед на лицето“, истакна тој.
Изненадувачки, тој не користи ботокс…
„Со оглед на неговата возраст и тип на кожа, тој би бил склон кон хиперпигментација, како што се старечки дамки. Очигледно презема одредени мерки на претпазливост за да го спречи тоа“, рече козметичкиот хирург.
Заклучок: Тоа е комбинација од квалитетна нега на кожата и ласерски третмани за кожа.
„Тој најверојатно користи режим на хидрохинон и поблаги типови ласери за обновување на кожата, како што се Мокси или ербиум ласери, кои се посоодветни за чувствителна и реактивна кожа“, објасни тој.

