Забава
Луѓето родени на овие три датуми се предодредени за неверојатен успех
Според астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија, а луѓето родени на тие датуми имаат најголема шанса да постигнат голем успех.
Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои ги слават своите родендени на тие датуми, особено до 2031 година, би можеле да доживеат извонредни промени и напредок.
8 август
Датумот 8 август симболизира бесконечност и моќ, и доаѓа во знакот на Лав, што претставува самодоверба и креативност. Оние родени на тој ден имаат природен дар за истакнување и тенденција да бидат во центарот на вниманието.
Пред нив е период на поголемо признание и смели кариерни чекори. Во љубовта, тие ќе најдат партнер кој ги гледа и цени такви какви што се.
11 ноември
Комбинацијата 11/11 е поврзана со синхроницитет и брза реализација на намерите. Луѓето родени на тој датум често доживуваат ненадејни можности кои го менуваат правецот на нивниот живот.
До 2031 година, тие можат да очекуваат пресвртници во нивната работа и приватни односи, со важно правило – јасно дефинирани цели и внимателен избор на луѓе на кои им веруваат.
12 декември
Датумот 12.12. означува затворање на старите циклуси и влез во нова фаза од животот. Оние што се родени на овој ден честопати чувствуваат дека важните промени се случуваат во фази за нив.
До 2031 година, тие би можеле да ги завршат долгорочните обврски и да преминат во постабилен, побезбеден период. Тие ќе постигнат најголем напредок кога ќе го остават зад себе она што ги исцрпува и ќе влезат во нови можности.
Луѓето родени на овие датуми ќе доживеат најголем успех кога јавно ќе ги покажат своите таленти – преку презентации, аудиции или испити. Нивната мисија не е да се кријат, туку храбро да излезат пред светот, бидејќи тогаш ја отвораат вратата кон сопствениот успех.
фотo: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

