Забава
(Фото) Го промени имиџот и дури сега ги збунува луѓето: таа е совршена комбинација од Бред и Анџелина

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, целосно го промени својот имиџ. Папараците ја фотографираа додека шеташе низ Менхетен, а повторно се постави старото прашање на кого повеќе личи Шајло.
Сепак, прво доаѓа имиџот, таа ја промени бојата на косата, сега е платинесто руса, па тоа е првото нешто што им го привлече вниманието на сите, а потоа сличноста со нејзините познати родители.
Како и обично, таа беше облечена лежерно, во преголема маица, а имаше и пирсинг на брадата, што е уште една новина кога е во прашање таа.
Шајло не се експонира премногу во јавноста, тоа беше најмногу поради разводот на нејзините родители, а привлече внимание кога се откажа од презимето Пит и го задржа само презимето на нејзината мајка, Џоли.
Оваа промена совршено ѝ одговара на младата убавица, а многумина тврдат дека сега е поубава отколку кога беше потемна.
Шајло Џоли е совршена комбинација од Бред и Анџелина, се чини дека го собрала само најдоброто од нив и дефинитивно не може да ја скрие сличноста со нив. Таа е талентирана во танцување, што и го прави, а според извори за странски медиуми, поголемиот дел од времето го поминува во танцово студио.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Леонардо Ди Каприо конечно го покажа лицето и сите се прашуваат – што му се случува?

Леонардо Ди Каприо во последните неколку дена работи на промовирање на својот филм „One Battle After Another“, а неговото неодамнешно појавување во Њујорк го привлече вниманието на јавноста.
Познатиот холивудски шармер одлучи да облече класично сиво дворедно одело за таа пригода.
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече неговата фигура, бидејќи според странските медиуми, актерот изгубил многу килограми, како и стомакот што му беше заштитен знак со години.
Покрај тоа, неговото лице не остана незабележано. Изгледа многу помлад, а веројатно и новата фризура придонесува за тој впечаток – а можеби и врската со 23 години помладата италијанска убавица.
Во секој случај, никој не може да го негира фактот дека нешто се случува во животот на овој згоден маж…
фото: принтскрин
Забава
Џулија Робертс ги потврди преговорите за продолжение на култната романтична комедија

Обожавателите на култната романтична комедија „My Best Friend’s Wedding“ имаат причина за славење. Џулија Робертс потврди дека е во преговори да ја повтори својата улога како Џулс Потер во долгоочекуваното продолжение. Актерката, добитничка на Оскар, ја откри веста во интервју за „Варајети“.
Додека дискутираше за нејзиниот нов филм „After the Hunt“, 57-годишната актерка беше прашана дали ќе се појави во продолжение на хитот од 1997 година. „Ми се јавија“, одговори кратко Робертс, потврдувајќи дека разговорите се во тек. „Варајети“ објавува дека актерката се насмеала кога режисерот Лука Гвадањино, кој исто така се појави во интервјуто, на шега рекол дека ќе го режира продолжението „во секунда“.
Веста за продолжението првпат се појави кон крајот на јули, кога беше објавено дека режисерката Селин Сонг, потпишала договор за сценариото.
Иако 37-годишната Сонг е потпишана за сценариото, режисерот и остатокот од екипата сè уште не се официјално потврдени. Оригиналниот филм е режиран од австралискиот режисер П.Џ. Хоган.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Чарли Шин: Користев толку дрога што и мексиканскиот картел ми рече – доста

Чарли Шин (60), некогаш најплатениот актер на американската телевизија, се врати во центарот на вниманието по шокантното интервју за австралиската емисија „60 минути“. Таму, додека ја промовираше својата автобиографија „Книгата за Шин“ и документарецот на Нетфликс, тој отворено зборуваше за најтемните моменти од своето минато.
Шин откри дека во времето кога неговата зависност била на врвот, дури и останал без дрога бидејќи мексиканскиот картел престанал да го снабдува.
„Никогаш не виделе некој да зема толку многу. Мислеа дека препродавам на страна, па едноставно ме исклучија“, рече актерот, изненадувајќи ја дури и новинарката Амелија Адамс.
За време на интервјуто, тој се осврна и на гласините дека испушил седум грама крек кокаин за една ноќ. „Не го измеривме точно, но да, толку беше подготвено. Во еден момент реков: „Ќе ни треба поголемо луле“. Сега ми е смешно, но во исто време знам дека имав среќа што останав жив“, призна Шин.
Да потсетиме, Шин со години беше ѕвезда во хит серијата „Два и пол мажи“, за која заработуваше дури 1,8 милиони долари по епизода.
Сепак, по низа јавни испади и судири со продуцентот Чак Лори, тој беше отпуштен од серијата во 2011 година. Денес тој признава дека се кае за тоа. „Беше период на премногу лични проблеми – развод по развод, борба против зависноста, а во исто време се обидував да бидам присутен татко на моите деца. Не знаев како да се справам со сè“, рече Шин, кој има четири деца.
фото: принтскрин