Забава
Натпросечно интелигентните луѓе прават 5 работи поинаку од другите
Не е потребно да се знае нечиј коефициент на интелигенција за да се заклучи дека е натпросечно интелигентен.
Надпросечно интелигентните луѓе ќе ги препознаеме по пет работи што ги прават поинаку од другите. Меѓу другото, нивната карактеристика е што не веруваат во сè што ќе чујат и не воздигнуваат никого на небото.
1. Тие ги доведуваат во прашање прифатените мислења и верувања
Интелигентните луѓе не веруваат во сè што ќе чујат. Тие ги доведуваат во прашање традицијата, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме – сè што постои. Тие не земаат ништо здраво за готово и не ја следат толпата, туку критички размислуваат за сè и темелно истражуваат пред да го формираат своето мислење.
Надпросечно интелигентните луѓе можат да прогледаат низ лагите и не дозволуваат другите да си играат со нив или да ги туркаат во ќош. Принципите што се претставени како неоспорна вистина не им значат ништо – тие го имаат мислењето што сакаат да го имаат и го следат својот пат во животот.
2. Тие не воздигнуваат никого на небото
Луѓето со надпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие разбираат дека можеме да научиме нешто од секоја личност во животот, но исто така разбираат дека никој не знае сè.
Никој ги нема сите одговори, па затоа луѓето со натпросечна интелигенција не се угледуваат на никого. Тие се сметаат себеси за свој личен гуру, кој има доволно мудрост и сила да се справи со секоја ситуација.
3. Тие постојано бараат ново знаење
Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволни од она што го знаат – тие секогаш копнеат по ново знаење и искуства. Тие уживаат во проширување на својот ум и вклучување во интелигентни разговори секогаш кога имаат можност.
Интелигентните луѓе се фасцинирани и зависни од знаењето, тие не се задоволни од она што го научиле, бидејќи не сакаат нивниот ум да стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.
4. Ги претвораат своите мисли во дела
Надпросечните интелигентни луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да постигнат нешто во животот, тие разбираат дека она што го знаат мора да се примени во конкретни дела. Вашите мисли се бескорисни ако не ги споделите со другите и ако не ги користите за да придонесете кон светот, па затоа интелигентните луѓе секогаш бараат начини да го применат своето знаење.
Тие нема да дозволат ништо да им застане на патот да го користат своето знаење за да го променат светот на подобро. Тие наоѓаат големо задоволство во смислувањето нови планови за да ги постигнат своите цели.
5. Тие ја знаат вредноста на времето поминато сами, во тишина
Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато сами, во тишина. Светот е толку брз што се чини дека не става акцент на „битието“. Сите ние мора да дејствуваме, да работиме, да произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не поминуваме доволно време размислувајќи, чувствувајќи, сакајќи…
Затоа натпросечно интелигентните луѓе поминуваат што е можно повеќе време со себе и со своите мисли, бидејќи знаат колку е важно да се погледне длабоко во себе за да се најдат одговори. Дури и ако не бараат одговори во тој момент, тие сепак се свесни за важноста на времето поминато сами, подалеку од бучавата што нè опкружува, бидејќи тоа помага и во ублажување на стресот и регенерирање на умот, телото и душата.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

