Свет
Путин ѝ додели руско државјанство на поранешната помошничка на Бајден, која го обвини за сексуално вознемирување
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ѝ додели руско државјанство на Тара Рид, поранешна помошничка на американскиот претседател Џо Бајден, која го обвини за сексуален напад. Одлуката беше објавена со декрет на официјалната веб-страница на Кремљ синоќа, објави „Киев индипендент“.
Рид работела како помошничка во канцеларијата на Бајден во раните 90-ти кога тој бил сенатор. Во 2020 година, за време на претседателската кампања на Бајден, таа јавно го обвини за сексуално вознемирување, кое наводно се случило додека работеле заедно. Бајден силно ги негира сите обвинувања во тоа време и никогаш не беше поведена никаква формална постапка против него.
Рид се пресели во Русија во 2023 година и аплицира за државјанство. Во Русија таа стана активна во медиумите контролирани од Кремљ, каде што често учествуваше во ширење пропаганда.
За време на еден од своите јавни настапи таа се извини за она што го нарече агресивен став на Америка кон Русија и за поддршката на Вашингтон за Киев под администрацијата на Бајден.
Според стандардните процедури, кандидатите за руско државјанство мора легално да престојувале во земјата најмалку пет години. Сепак, Путин воведе исклучоци.
Тој им дозволи на странците и на лицата без државјанство да аплицираат за привремен престој од морални причини и ја поедностави постапката за оние што потпишуваат договор за воена служба со руските вооружени сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

