Свет
(Видео) Трамп се потсмеваше на воената моќ на Венецуела: Фативме обука на милицијата, многу сериозна закана
Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмеваше на воената моќ на Венецуела во објава на социјалната мрежа „Тру соушал“.
Тој сподели видео од жени како несмасно трчаат со оружје. „Строга тајна: Фативме венецуелска милиција на обука. Многу сериозна закана“, напиша саркастично американскиот претседател.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатата недела потврди дека почнала цивилна обука за употреба на оружје во случај на напад од САД. „Со мотото ‘Касарните одат кај народот’ војниците ги спроведоа своите први обуки во разни делови од земјата“, рече Мадуро.
Trump mocked the “Venezuelan militias”
The US President posted a video showing a woman awkwardly running with a Kalashnikov rifle, captioning it: “TOP SECRET: We caught the Venezuelan militias training. A very serious threat!”
The clip has been circulating online since… pic.twitter.com/kFxQU51CEO
— NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2025
Тој ги повика венецуелските земјоделци да бидат подготвени и, доколку е потребно, масовно да се вооружат. „Венецуелскиот народ ѝ кажува на империјата: Престанете со заканите“, им рече Мадуро на земјоделците на митингот.
Трамп ѝ се закани на венецуелската влада во саботата. „Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од менталните институции, вклучувајќи ги и најлошите азили во светот, што венецуелското ‘раководство’ ги испрати во Соединетите Американски Држави“, напиша тој.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на клучни лекови
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулини, инсулински аналози и група антибиотици до 23 јануари наредната година, според налог на министерот за здравство Силвио Кирилов. Министерството соопшти дека забраната повторно се продолжува поради проблеми со снабдувањето, пријавени недостатоци и одбивања од веледрогерии.
Како причини се наведуваат неправилности и доцнења во испораките, како и намалени количини нарачани лекови. Забраната ги опфаќа инсулините и нивните аналози, SGLT2-инхибиторите и лековите на база семаглутид, како и антибиотиците на база азитромицин. Забранет е и извозот на месалазин.
Забраната за извоз на инсулини првпат беше воведена во ноември 2023, а потоа повеќепати продолжувана.
Свет
Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили
Тројца бомбаши-самоубијци денес го нападнаа седиштето на паравоените сили во Пешавар, при што загинаа три припадници, а најмалку петмина беа ранети, пренесе „Ројтерс“. Напаѓачите прво отвориле оган на влезот, а потоа се разнеле во кругот на комплексот на граничната полиција.
Полицијата соопшти дека напаѓачите се пробиле во објектот по првичната престрелка. Областа е блокирана од армијата и полицијата, а според локални извори се сомнева дека во комплексот можеби има уште напаѓачи. Ранетите, меѓу кои и двајца припадници на паравоените сили, се пренесени во болница.
Нападот се случува во време на зголемена активност на исламистички милитанти во регионот, по смртоносните погранични судири меѓу Пакистан и Авганистан минатиот месец. Досега ниту една група не презеде одговорност.
Свет
Германскиот канцелар: Русија мора да се врати на преговарачка маса
Русија мора да учествува во разговорите за мировниот план за Украина за тој воопшто да има шанса, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на самитот ЕУ–Африканска унија во Луанде.
„Русија мора да биде присутна на масата. Ако тоа се оствари, секој напор би бил оправдан, а во спротивно, ќе треба да се удвојат напорите“, рече Мерц.
Берлин го поздрави напредокот постигнат во Женева врз основа на американскиот мировен нацрт од 28 точки, првично оценет како премногу наклонет кон Москва. Мерц нагласи дека Европa мора да го одобри секој дел од идниот договор што се однесува на нејзината безбедност.
По неделните разговори во Женева, САД и Украина изработија нова, ревидирана верзија на мировната рамка за која велат дека целосно ја почитува украинската сувереност. Почетниот план на Доналд Трамп содржел повеќе руски барања, меѓу кои територијални отстапки, намалување на украинската војска и откажување од членство во НАТО, со западни безбедносни гаранции за Киев.

