Македонија
„Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги“, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Здружението на судии и обвинители зборуваат за се освен за суштинските проблеми во земјата. Ако со нивната гласност сакаат да изгледаат како бранители на правдата тогаш зошто нема конкретни чекори. Дали нема затоа што и тие се дел од проблемот и до кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е невидено лицемерие, не штитат правда, туку корупција, што претставува директна кражба на довербата на граѓаните.
Ако сакаат правда време им е да почнат постапка. На пример, да почнат со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судски совет и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Луѓе кои признаа дека имаат земено мито од 10.000 евра за влијание врз судски пресуди, па едниот се спогоди, другиот се стекна со условна осуда.
Ова е доказ за системот на СДС и ДУИ. И ова не е изолирана појава, туку е проблем кој произлегува од влијанието на СДС и ДУИ, го има и во другите институции.
Што сакаат да им порачаат на граѓаните? Дека високи функционери во судството и обвинителството можат да бидат вклучени во директна злоупотреба на своите функции?
Граѓаните гледаат, граѓаните не ги следат само високите случаи, кои имаат поголемо медиумско внимание. Граѓаните ова го знаат и од прва рака, на пример во основните судови.
Граѓаните ја гледаат неправдата која СДС и ДУИ сe уште им ја нанесува, па дури и од опозиција.
Па како очекуваат граѓаните да имаат доверба во правдата ако виновниците остануваат неказнети?
Ако за ова Здружението на судии и обвинители кои се само многу гласни, ама ако сакаат правда, време им е да почнат постапки за корумпираните колеги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пешевска: Неправдите не се забораваат, но траумите за мене и за моето семејство останаа засекогаш
Да не се заборави, да не се повтори, пишува во објава на социјалните мрежи Жаклина Пешевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи на денешниот датум 2017 година, кога како што вели, со полициска опсада пред очите на нејзините деца и биле ставени лисици на рацете.
„На денешен ден во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња ми беа ставени лисици на рацете под лажно обвинение за тероризам.
Поминав низ судови, претреси, одземен имунитет и домашен притвор“.
На крај, како што пишува, во отсуство на докази, истрагата била запрена.
„Но траумите за мене и за моето семејство останаа засекогаш.
Денес стојам гордо исправена пред мојот македонски народ, како жена која не потклекнува кога станува збор за националните интереси!
Но, сѐ додека моите браќа патриоти се во зандани, далеку од своите најблиски, болката е голема.
Со најголема тага се сеќаваме и на Кире Ѓорѓиевски и Игор Југ, кои не ја дочекаа слободата.
Неправдите не се забораваат.
Вистината секогаш излегува на виделина“, додава таа во објавата.
Македонија
Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија: посебен акцент во разговорот ставен на европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре престојува во работна посета на Вилнус, Литванија. Во рамки на првиот ден од посетата, тој оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Кештутис Будрис.
Двајцата министри изразија задоволство што посетата се реализира во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Притоа, тие ја нагласија подготвеноста за унапредување на партнерството и соработката во повеќе области од заемен интерес.

Разговорите опфатија низа теми, меѓу кои билатералната соработка, координацијата во рамките на мултилатералните организации и партнерството во НАТО. Посебен акцент беше ставен на европските интеграции, при што беше нагласена потребата од заеднички и засилен ангажман за забрзување на процесот, особено во светло на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ.

Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од Литванија, како и за солидарноста и помошта што државата ја доби по пожарот во Кочани.

Министрите разговараа и за актуелните безбедносни прашања, вклучително состојбата во Украина и предизвиците поврзани со европската безбедност и стабилност во регионот.
Македонија
Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница
Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање.
Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата учествуваа со прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината.
„Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби,“ истакна градоначалникот Герасимовски.
Во рамките на посетата беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации, со која учениците преку цртеж и игра учеа за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот развој.
„Општина Центар продолжува да инвестира во младите преку едукативни програми, проекти и активности што ја поттикнуваат нивната вклученост во заедницата и градењето на подобра иднина“.

