Македонија
СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не ги отфрла црвените линии

По објавената Резолуција со црвените линии, добро е што ниедна од партиите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот кој го предложи СДСМ, велат од опозициската партија.
Во овој контекст, додаваат од СДСМ, уште еднаш нагласуваме дека самата Резолуција е во заеднички национален и државен интерес, ги содржи сите потребни одредници за заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и култура и предвидува јасни државни позиции и чекори во однос на евроинтегративниот пат.
„Што се однесува до коментарите на Мицкоски за „лажни и неточни историски факти“, јасно укажуваме дека такво нешто во Резолуцијата нема. Напротив, во неа се вградени прецизно, фактографски и историски, сите претходни резолуции и историски датуми во прогресот кон Европската унија, и нема ништо непрецизно. Порачуваме дебатата на оваа тема во иднина да продолжи конструктивно – на никој не му оди во прилог да се извртуваат тезите или да се укажува на неточности кои реално не постојат“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека се отворени за сите конструктивни забелешки на партиите и сите политички чинители.
„Време е конечно да изградиме национален консензус во интерес на сите граѓани и да покажеме зрелост дека партиите може да соработуваат кога се во прашање повисоки цели и иднината на државата. Граѓаните од партиите очекуваат дијалог и соработка кога станува збор за нивната иднина. СДСМ е подготвен на тоа“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните депонии во Македонија.
Појаснуваат дека истата се наоѓа на само 500 метри од првите куќи на градот, исто толку оддалечена од реката Црн Дрим и помалку од 2 километри од Охридското Езеро – подрачје прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
Секоја година, додаваат од оваа партија, таму се фрлаат повеќе од 40 илјади тони отпад, без стандарди и без контрола на видот на отпадот.
„Нивното горење ослободува чад, токсични гасови и тешки метали кои ја загадуваат почвата, воздухот и водите. Ова загадување не е невидливо – тоа секојдневно го чувствуваат граѓаните кои често не можат ни прозор да отворат навечер.
Според Институтот за јавно здравје, само во 2020 година во Струга се регистрирани 140 нови случаи на канцер – 83 жени и 57 мажи. Една година порано, на ниво на општина се евидентирани 701 нови малигни случаи. Овие бројки говорат за алармантна состојба.
Доколку депонијата продолжи да функционира на истиот начин, во наредните 5 години се очекува прогресивно зголемување на хроничните и малигните заболувања. Меѓународните студии покажуваат дека заедниците кои живеат во близина на вакви депонии имаат:
• 20–30% повеќе случаи на рак на бели дробови и дојка;
• значително зголемување на респираторните заболувања кај децата;
• раст на неплодност, спонтани абортуси и проблеми во развојот кај новороденчињата;
• и зголемена вкупна смртност за 10–15%“.
Ако не се преземат мерки, Струга, истакнуваат од „Вреди“ ризикува во следните пет години да регистрира стотици нови случаи на канцер секоја година и да се претвори во црна здравствена точка во регионот.
Оваа состојба, како што оценуваат, повеќе не е само локален или естетски проблем. Таа, според „Вреди“ претставува сериозна закана за животот, за јавното здравје, за туризмот и за самото светско наследство кое со гордост го штитиме.
„Овој отров не е само последица на негрижа – тој е последица на погрешни и намерни политички одлуки. Депонијата е поставена и продолжува да постои под локалната власт на Општина Струга и со поддршка на власта на ДУИ, со градоначалникот Рамиз Мерко. Повеќе од 18 години овој проблем се покрива со молк, жртвувајќи го здравјето на граѓаните за тесни политички и финансиски интереси.
Ние итно бараме:
• затворање и санација на депонијата,
• создавање на стандарден систем за управување со отпад,
• и заштита на граѓаните на Струга од овој секојдневен отров.
Во спротивно, молкот на институциите денес значи болест, а утре смрт“.
Македонија
(Видео) Миновска: Стевчо Јакимовски, кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води Општина Карпош

Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош, изјави Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски имаат информации дека е криминалец, кој злоупотребува позиција и прави криминал со градби. Во соопштението на Стејт Департментот кој го стави Јакимовски на црна листа стои: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници““, рече Миновска.
Според неа, САД јасно констатираат дека Стевчо Јакимовски се мешал во јавни набавки со цел за себе и за неговите соработници да направи имотна корист или, како што кажа, народски кажано Стевчо Јакимовски местел тендери.
„Воедно САД укажуваат дека Јакимовски се мешал во урбаниот развој, или народски кажано правел ДУП-ови по желба на мафијата со цел лична корист. Стевчо Јакимовски е криминалец парекселанс. Таков криминалец како Стевчо Јакимовски, кој е на црна листа на САД не може да ја води општина Карпош“, изјави Миновска.
Македонија
(Видео) Судијката што го пушти убиецот на Фросина во поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, вели Андоновска

Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, кажа на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судијката која можеше да го спречи убиството на Фросина, ако на Ваисл Јованов му досудеше затвор, во куќата сместила штаб на СДС.
Зарем треба нешто повеќе да се каже за спрегата меѓу судството и СДС?
До каде оди лудилото кога веќе не се ни кријат дека се во релација?
Дали вакво судство треба да продолжи да одлучува за судбините на граѓаните?
И како можеме од вакви судии да очекуваме непристрасност и судење според закон?
И истата оваа Aлексовска Стојановска која како судијка во куќата имала штаб на СДС и ден денес суди“.
Судскиот совет, како што додаде Андоновска, не ја разрешува, затоа што тоа се чедата на Заев, Ахмети и Наке Ѓоргиев во судството и обвинителството.
Со овие луѓе, вели таа, не можеме да очекуваме да имаме судство кое ќе работи за граѓаните, туку само за мафијата од СДС и ДУИ.