Соопштенија
Како до паметна инвестиција: „Анхоч“ со водич за избор на лаптоп, таблет или десктоп за 2025 година
Со почетокот на новата академска година, многу студенти, но и професионалци, се соочуваат со предизвикот за избор на нов технолошки уред. Пазарот нуди многу опции, а прашањето е како да се одбере уред кој ќе ги издржи сите обврски и трендови?
Како еден од лидерите во технологијата, Анхоч постојано е во тек со светските трендови, нудејќи најширок асортиман и најдобри цени. Нивното долгогодишно искуство покажува дека клучот е во вистинскиот избор, а не во најскапиот уред.
3 клучни совети за студенти и сите корисници на технологија
Експертите од Анхоч советуваат пред да купите, да одговорите на следните прашања:
1. Мобилност или моќ?
Размислете за вашата дневна рутина. Ако постојано се движите, лаптопот нуди најдобар баланс. За највисоки перформанси во програмирање, дизајн или гејминг, десктоп компјутерот е ненадминат. Таблетот пак, е одличен за читање, белешки и презентации.
2. Кои се минималните спецификации за 2025?
За да обезбедите долгорочна употреба, фокусот треба да е на овие три параметри:
· RAM меморија: 16GB RAM е минимален стандард. Целете кон 32GB за непречена работа со повеќе програми.
· Складирање: Клучен е SSD диск од најмалку 512GB. Ако вашиот уред поддржува, препорачуваме PCIe SSD, кој е и до четирипати побрз од стандардниот SATA SSD и овозможува молњевито брзо подигање на системот и апликациите.
· Процесор (CPU): За најдобри перформанси и долговечност, стремете кон Intel процесори од минимум 12-та или 13-та генерација, или AMD Ryzen процесори од 5-та или 7-ма генерација. Овие генерации гарантираат енергетска ефикасност и моќ потребна за модерните апликации
3. Вложете во трајност
Квалитетот на изработка е клучен. Побарајте уреди со Full HD екран и издржлива батерија која ќе го покрие целиот работен ден, што е особено важно за студентите и професионалците.
Анхоч: Секогаш подготвени за вашиот избор
Анхоч, како компанија која ги следи светските трендови и чија публика е широка – од млади гејмери до искусни професионалци – е подготвен да одговори на сите барања.
„Нашата мисија е да понудиме најдобар избор, најдобри цени и најдобри совети. Ние сме подготвени да ги задоволиме сите потреби за квалитетна опрема која ќе ги издржи сите предизвици. Кај нас, секогаш ќе ја најдете најновата технологија“, велат од Анхоч.
Посетете ги салоните на Анхоч или онлајн на www.anhoch.com и добијте експертска поддршка за да го направите вистинскиот избор.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

