Соопштенија
Османи: Корупцијата е гнилиот корен на сите проблеми во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска на прес-конференција најави, како што кажа, радикален пресврт во управувањето со општината и конечно искоренување на корупцијата.
„Корупцијата е трулиот корен на сите проблеми во Чаир. На 19 октомври тој корен ќе го сосечеме и ќе го уништиме. Еден денар нема да дозволам да се злоупотреби од парите на граѓаните. Тоа не е праведно, тоа не е чесно, тоа не е визија за иднината,“ истакна Османи.
Во своето обраќање, тој го претстави планот „Граѓанско око“ кој го оцени како најмоќниот механизам против корупција.
„Станува збор за сет од четири антикорупциски реформи кои, според него, ќе ја претворат Чаир во најтранспарентната општина во државата. Планот опфаќа јавно отворање на сите тендери со пренос во живо и достапни снимки на интернет, независен мониторинг преку експерти и невладини организации специјализирани за антикорупција, јавна каса преку која секој граѓанин со еден клик ќе може да ги следи приходите и расходите на општината во реално време и автоматска контрола со вештачка интелигенција која ќе го елиминира човечкиот фактор во злоупотребите. Чаир ќе биде првата општина во регионот која ќе воведе вакви европски практики. Доста беше со тајни договори и злоупотреби. Од 19 октомври, секој денар ќе оди за граѓаните,“ порача Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ѓорѓиевска: Создаваме услови во Куманово секој да биде слушнат, поддржан и вклучен

Носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за Куманово и актуелен претседавач на кумановскиот совет – Ивана Ѓорѓиевска денеска пред медиумите ги претстави приоритетите за идниот мандат од програмата што Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за заштита, солидарност, еднаквост и социјална инклузија.
„Куманово отсекогаш било град на различности, град каде што луѓето се почитуваат, поддржуваат и градат заедничка иднина. Визијата на ЗНАМ беше и е токму таква – општина – промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија“, рече во своето обрааќање Ѓорѓиевска, потенцирајќи дека низ серија средби како денешната со невладините Инклузива и Центар за жртви за семејно насилство, се градат решенијата што ќе бидат приоритет во оваа област и се потврдуваат засложбите за инклузивна општина.
„Ние се залагаме за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Заедно со градоначалникот Максим Димитриевски работиме на инклузија за сите лица и даваме финансиска поддршка на здруженија од овој тип. Општината спроведе и спроведува низа локални активности и мерки за подобрување на општата состојба на граѓаните и тоа: Бесплатен јавен превоз за сите граѓани на сите линии, народна кујна, субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица, еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените, обезбедување на социјални услуги преку програмата “општинско корисна работа“, социјална инклузија на децата – Роми во детските градинки, набавка на специјално возило за лица со попреченост“, нагласи носителката на советничката листа од Движењето ЗНАМ.
Инклузивноста, вели таа, е срцевината на едно праведно и хумано општество.
„За таа цел во програмата се предвидени повеќе мерки, заложби и проекти: Создавање услови за целодневен престој за учениците со посебни потреби во училиштата. Нова спортска сала приспособена за лицата со попреченост. Инклузивен концепт – пристапни веб-страници, културни и спортски содржини, јавни простори и услуги без бариери. Пристапни рампи и пристапни санитарни јазли во сите училишта. Адаптирани тротоари за непречено движење на лицата со попреченост. Звучни семафори на клучни локации во централното градско подрачје. Тактилни патеки за лицата со оштетен вид кон институциите и кон јавните објекти и сл.
Целта на ЗНАМ како што рече е јасна: никој да не биде изоставен.
Уверена сум, рече Ѓорѓиевска, дека заедно можеме да го изградиме Куманово кое ќе биде пример за еднаквост и инклузија.
Соопштенија
(Видео) Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг-места

„Ве поздравувам од моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе. Во меѓувреме, има изградено и неколку нови згради во предниот дел од другата страна на убавиците. Хаос и во долниот дел со трговскиот центар, хаосот и овде на кејот на Вардар“, вели Сотир Лукровски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош.
Вети нови монтажни гаражи во тој дел, со над како што рече, 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици.
Ем корисно, ем како заштита на возилата од влијанијата како сонце, град итн.
Ја барам вашата доверба и ова ќе биде сторено. Ветено“, нагласи тој.
Соопштенија
Костовски: Почнуваме со изградба на нов модерен мост во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој се кандидира за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека е започната изградба на нов мост во Радишани со што се решава децениско барање на граѓаните.
„Постоечкиот мост изграден со импровизиран конструктивен систем од челична конструкција заминува во историја. Градиме нов мост во должина од 12,5 метри. Ширината на мостот од 5 метри ќе овозможи сообраќајот да се одвива во двете насоки истовремено. Ветувањата се реализираат“, објави Костовски.