Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Фото) Не излегува од тантела: уште една реклама со сексапилната русокоса, која не ве остава да спиете

Една од омилените светски модели, Роузи Хантингтон-Вајтли, по враќањето од долгата пауза, се чини дека нема слободен ден. Рекламните кампањи во кои се појавува стануваат сè почести, а луѓето продолжуваат да се воодушевуваат од нејзиниот изглед.
Прекрасната Роузи ужива во својот семеен живот во Велика Британија. Таа и нејзиниот партнер Џејсон Статам решија да се иселат од Холивуд за да им овозможат на своите деца мирно детство.
Сепак, тоа не ја спречува да биде главна тема во медиумите и во Холивуд.
Роузи повторно позира во долна облека од тантела и претстави нова колекција на еден бренд, но исто така ја покажа својата прекрасна фигура.
View this post on Instagram
Таа има 38 години и две деца, но тоа не се гледа на нејзиното тело.
Под објавата имаше коментари во кои луѓето го фалеа нејзиниот изглед, но и дисциплината, што секако е неопходна за нешто такво.
„Совршена“, „Неверојатна си“, „Сигурно вежбаш напорно“, „Ова е пример како тренингот може да ти помогне“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин