Соопштенија
Мицкоски: Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Ресен во рамки на кампањата за локалните избори која е со слоганот „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ укажа дека овие избори имаат поинаква тежина.
„Ова не се избори само за улицата, патчето, туку и за тоа каква порака ќе испратиме до оние кои се наши конкуренти. А кај нив нема апсолутно ништо ново. Заглавени се со тендерите, со желбата, не преку програма, туку ако може со некоја интрига да дојдат до фотелја, до власт“.
Мицкоски укажа дека „СДСМ секогаш кога доаѓала на власт тоа било со некоја интрига и некоја подземна шема“.
„Денес сакаат пак така да го излажат народот ако може некако да се доберат до парче власт. А најсмешен е нивниот лидер кога така лаконски и лесно ќе каже еве ВМРО-ДПМНЕ од последните избори загубило 100 илјада од минатите избори. А веднаш потоа кога ќе го прашаат, добро дали ќе се повлечете ако загубите на локалните избори, одговорот претпоставувате му е дека нема да се повлече“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека со ова Венко признава дека ќе ги загуби изборите.
„Таму борбата не е да победат, туку Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ. Нека не се препелка, затоа што народот одлучува никој друг. Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. Уморна е од сојузите кои одат на грбот на напатениот народ, од интригите на Венко, Али, Димче. Тоа е коалиција за пари, а на Македонија и треба коалиција за работа и иднина“, изјави Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека од една страна е оваа коалиција за пари, коалицијата на Филипче, Апасиев и Ахмети, а оти од друга страна е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади. И во ред е да не е совршено.

Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите – поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм – но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој студент. А, токму таа несовршеност го прави искуството автентично.
Халкбанк ја препознава токму таа реалност и со кампањата „Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади“ испраќа порака дека е во ред да се греши, да се лута низ ходници, да не се добие 10-ка на испит и да се учи во движење. Несовршеноста е дел од патот кон самостојноста, а HalkEZ е тука да го олесни оној дел од приказната што се однесува на првите банкарски искуства, бидејќи за многу студенти, банкарството е исто толку ново колку и почетокот на студентскиот живот. Отворањето на платежна сметка, користењето на картичка или онлајн трансакциите се чекори што ја означуваат нивната нова самостојност…
Во оваа реалност се вклучува и HalkEZ пакетот за млади, дизајниран за генерацијата што живее брзо, дигитално, динамично и несовршено. Пакетот наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, сигурно не е совршен, но нуди:
● Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство со Виза дебитна картичка за млади.
● Без надомест за водење на трансакциска сметка.
● Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
● SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
● SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
● Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
● Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
● Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.
А за да го одбележи стартот на оваа иницијатива, Халкбанк подготви изненадување за првите 50 студенти кои до 3 октомври ќе отворат HalkEZ пакет. Овие лица ќе добијат кредит од 600 денари преку платформата „Корпа“ како мал знак дека несовршениот почеток може да биде и охрабрувачки.
„Младите растат преку несовршените моменти. Затоа, сакаме да им кажеме дека е во ред да се соочуваат со гафови и хаос, зашто токму тие моменти, во иднина ќе ги изградат во силни личности што ќе знаат да се справат со секакви ситуации. А HalkEZ е тука да им го олесни првиот чекор во светот на банкарството и да им даде поддршка што се вклопува во нивниот стил на живот,“ велат од Халкбанк.
Со HalkEZ банкарскиот пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, тие добиваат партнер што ќе ги следи во секојдневните предизвици, средношколските денови и првиот ден на факултет, па сè до моментите кога ќе се чувствуваат самостојни. Несовршено совршено, како и нивното секојдневие.
(ПР)
Соопштенија
Костовски: Ќе изградиме две нови основни училишта

Градоначалникот на Бутел кој се кандидира за нов мандат, Дарко Костовски, најави дека во Општина Бутел ќе бидат изградени две нови основни училишта.
„Позади мене е новоизграденото основно училиште во Визбегово. Тоа е сигурен доказ дека на место на најстарите основни училишта на територија на општина Бутел, Љубанци и Љуботен ќе изградиме две нови основни училишта. За време на мојот четиригодишен мандат инвестиравме рекордни двесте петнаесет милиони денари во образованието. Обезбедивме ранче со прибор за секое прваче. Обезбедивме бесплатни униформи за сите ученици. Обезбедивме и стипендии за најдобрите ученици. Инвестиравме во нови фасади, инвестиравме во нови информатички кабинети. Училишните дворови ги реконструиравме целосно. Изградивме нови детски игралишта и нови спортски терени. Нашите деца остануваат во фокус и во наредните четири години“, рече Костовски.
Соопштенија
Шукова од Гази Баба порача: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа.
„Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии и токсични пожари. Тоа не е судбина, тоа е резултат на неспособна и незаинтересирана власт. Вардариште е само најгласниот симбол на оваа четиригодишна рамнодушност на ВМРО-ДПМНЕ кон животната средина и здравјето на граѓаните,“ изјави Шукова.
Веќе четири години, над 150.000 скопјани живеат во сенката на Вардариште што секојдневно загадува, труе и претставува реален ризик по јавното здравје. Наместо решение, граѓаните добиваат молк, занемарување и институционално криење зад политички интереси.
„Ова не е само пропуштена обврска. Ова е криминално запоставување на јавното здравје. Но, решение постои. Не е популизам, туку структуриран план, со експертска поддршка и европски стандарди“, им објасни Шукова на граѓаните, најавувајќи конкретни чекори:
Итно оградување и физичко обезбедување на Вардариште, 24-часовен надзор и пристап само за овластени служби. Како долгорочни решенија Шукова, најави селекција, преработка и пренос на отпадот до Дрисла, со нула загадување на воздух, почва и подземни води Вардариште е обврска на Град Скопје, објасни Шукова. Според Законот за управување со отпад, локалната самоуправа е должна да обезбеди чистота, третман на отпад, отстранување на депонии и регионална соработка, обврски кои четири години се игнорираат.
Шукова нагласи дека не се работи за политички поени, туку за суштински план како Скопје да стане модерен, зелен град, каде здравјето и квалитетот на живот ќе бидат приоритет, а не колатерална штета на неспособноста.
„Скопје мора да се врати на патот на европските вредности и зелена трансформација. Ова не се ветувања за кампања ова се конкретни решенија подготвени да се спроведат од првиот ден,“ рече Шукова.