Контакт

Соопштенија

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање нови фабрики

Објавено пред

Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики, најави Тони Тоневски, кандидатот на ВМРО‑ДПМНЕ за градоначалник на Општина Пробиштип на претстојните локални избори на 19 октомври.

dobivaj vesti na viber

„Силната локална економија е директен фактор и индикатор за квалитетен живот на секој граѓанин. За да ја зајакнеме локалната економија ќе изградиме нова индустриска зона со целосна инфраструктура. Ќе создадеме можности за отворање на нови фабрики, погони за отворање на нови работни места. Поголемата конкурентност ќе придонесе за подобри работни услови но и за повисоки плати. Со конкретни мерки како обезбедување на бесплатни канцелариски простори, помош и поддршка при аплицирање до меѓународните фондови преку организирање на трибини и обуки ќе ги стимулираме и поддржиме младите, но и малите и средни претпријатија во развојот на нивниот претприемачки дух. Да вложуваме заедно, да ја градиме општината заедно, затоа што економски силна општина е успешна општина“, рече Тоневски.

Соопштенија

Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Објавено пред

Од

Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки, изјави кандидатот за градоначалник на Општина, Ѓорче Петров, од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

dobivaj vesti na viber

„Нова детска градинка во Дексион. Проект којшто го најавувам подолго време, а денеска го потпишав Договорот, почнуваме со изградба веднаш. Покрај оваа детска градинка, во моментов ја градиме и детската градинка во Стопански двор, тоа е во напредната фаза. Со тоа го зголемуваме капацитетот за сместување за дополнителни најмалку 220 деца, на ниво на општината Ѓорче Петров. Дополнително, во нашата изборна програма ветувам изградба на уште три детски градинки, вкупно 5 детски градинки во наредниот мандат. Две во населбата Диво Маало, и во близина на Македонска војска и една за жителите на населбата Александрија“, рече Стојкоски.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трајановски ветува решенија за инфраструктурата во општина Аеродром

Објавено пред

Од

Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици, сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови, изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во соработка со Град Скопје ќе ја завршиме изградбата на булевар АСНОМ и ќе обезбедиме нови коридори за поврзување со соседните општини, вклучително и нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода, како и реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци. Дополнително, во секој дел од Аеродром планирани се локални реконструкции и проширувања: целосна реконструкција на споредни улици во Горно и Долно Лисиче, ново уредување на паркинг-просторите зад ТЦ „Скопјанка“ и ТЦ „Бисер“, како и во Ново Лисиче. Предвидуваме реконструкција на сите сервисни улици со воведување „зона 30“, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Нови велосипедски патеки и воспоставување на нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки. Поставуваме нови семафори кај сите училишта за максимална заштита на децата. Реорганизацијата на паркирањето ќе се решава преку изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, со принципи на одржлива урбана мобилност. Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на нашите граѓани: побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите“, рече Трајановски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Лукровски најави решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг-места во Карпош

Објавено пред

Од

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, најави решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош.

dobivaj vesti na viber

„Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер, возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. Карпош, кој треба да биде пример за уреден и современ урбан кварт, денес функционира како импровизирано паркиралиштe. Токму затоа, во нашата програма предвидуваме воведување на системско, долгорочно и зелено решение. Ќе започнеме со изградба на монтажни катни гаражи опремени со соларни панели, со вкупен капацитет од 600 нови паркинг-места. Овие гаражи нема да бидат уште еден бетонско блок решение, туку модерни, функционални конструкции кои ќе произведуваат чиста енергија и истовремено ќе ослободат вреден јавен простор што денес е окупиран од хаотично паркирање. Ќе бидат распоредени рамномерно низ општината, така што ниеден дел од Карпош нема да остане запоставен“, рече Лукровски.

Тој додаде дека во Карпош 2 и 4 ќе се создадат по 120 нови паркинг позиции, кај Млечен – 90, во Карпош 3 – 110, во Влае – 70, и дополнителни над 100 нови места ќе бидат поставени во Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што родителите секојдневно се соочуваат со вистински сообраќаен хаос при носење и земање на децата од настава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија1 час

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија2 часа

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...

Европа4 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа4 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет5 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа6 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет6 часа

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет6 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија17 часа

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија17 часа

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија18 часа

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија18 часа

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион19 часа

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион19 часа

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија19 часа

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија1 ден

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...

Топ1 ден

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за...

Свет1 ден

(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и од Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа...