Соопштенија
Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
„Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци. Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Османи за Чаир: Ќе прогласам вонредна состојба за нечистотијата и ќе формирам кризен штаб

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави радикален пристап во справувањето со нечистотијата, која, како што рече, станала најголемата рана на општината.
Веднаш по преземањето на функцијата ќе прогласам вонредна состојба за нечистотијата и ќе формирам кризен штаб, во кој ќе бидат вклучени општината, приватни компании, месните заедници, училиштата, па дури и верските заедници, рече Османи.
„Првиот ден ќе прогласиме вонредна состојба за нечистотијата во Чаир. Зашто сакаме да направиме масовна операција за рачно и механичко чистење на Чаир. Ќе се перат сите улици, ќе се чисти секој парк, ќе се собира секој отпад што е во Чаир. И ова ќе се повторува преку масовни акции. Веќе разговарав со верските заедници и побарав од нив да ги мотивираат своите верници да бидат дел од овие масовни акции. Гимназијалците ќе треба да излезат со нас, граѓаните ќе излезат со нас, и за првпат ќе го видиме Чаир како чиста општина без ниту еден отпадок, без прав по улиците, со измиени и дезинфицирани улици“, истакна Османи.
Тој додаде дека целта не е само чистење, туку и создавање свест за заедничка одговорност за хигиената во општината.
„Кога граѓанинот ќе види дека неговиот сосед чисти улица заедно со него, потешко ќе фрли отпадок. Така постепено ќе изградиме култура на заедничка грижа за Чаир“, изјави Османи.
Причината за ваквата акција, според Османи, е алармантната состојба со хигиената во Чаир, што не е само естетски проблем, туку и проблем за здравјето на сите граѓани, особено најмладите.
„Чаир е прогласен, и врз основа на сите параметри е најнечистата општина во градот Скопје. А тоа не е естетско прашање. Не е прашање дали изгледа убаво или не, туку е директно прашање за здравјето на луѓето. Улиците на Чаир не се измиени со години. Правта на Чаир не е измиена со години. А таа прав завршува во нежните бели дробови на нашите деца и предизвикува хронични болести со кои ќе се соочуваат во текот на целиот свој живот“, рече Османи.
Соопштенија
Герасимовски: Градиме нова градинка во близина на Клиничкиот центар, капацитет до 100 деца

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во новиот мандат почнува изградбата на нова современа детска градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Тој истакнува дека планираната градинка ќе биде модерен и функционален објект, изграден според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, со капацитет до 100 деца.
„Градиме нова, современа градинка во непосредна близина на Клиничкиот Центар, кадешто ќе може да се згрижат 100 деца. Оваа градинка ќе биде изградена по највисоки стандарди за безбедност и квалитетот, по примерот на градинката „Пролет“ која во моментов е најубавата и најмодерната градинка во државата. Со отворање на новата градинка, создаваме нови можности за вработување за околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, рече Герасимовски.
Соопштенија
(Видео) Митовски: Автокоманда станува новото срце на Скопје, крај на хаосот и почеток на модерна ера

Се залагаме Автокоманда да стане новиот центар на градот модерна, функционална и урбано уредена населба која ќе им нуди на граѓаните квалитетен живот и решенија за сите долгогодишни проблеми, истакна Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од редовите на СДСМ.
„Денес се наоѓам токму на местото каде што ќе ја изградиме новата катна гаража, која ќе биде наменета за сите граѓани кои секојдневно работат во околните компании и институции. Покрај оваа, ќе изградиме уште две катни гаражи првата на постојниот паркинг на ул. „Јани Лукровски“ до плоштадот, а втората на асфалтираниот паркинг на ул. „Лазар Поп Трајков“.
Со тоа ќе ставиме крај на хаосот со паркирањето, а дополнително сообраќајниот метеж ќе го решиме со воведување еднонасочен режим на улиците низ населба“.
Најави дека ќе се зафати со целосно уредување на како што рече, уништеното зеленило и пешачки патеки, „кои со години беа жртва на градежно дивеење“.
Автокоманда, според него, заслужува да биде пример за урбанистички развој.
„Затоа ќе изградиме и нов парк за миленици, како дел од нашата визија за модерна и зелена животна средина.
Ова е само почетокот на една нова приказна приказна во која Автокоманда ќе стане гордоста и новото срце на Скопје“.