Соопштенија
Мирослав Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ на првото телевизиско соочување со своите конкуренти пред гледачите се обврза на посветена и одговорна работа постојано во текот на целиот мандат, а не, како што рече, непосредно пред изборите на само 3-4 месеци пред крајот на мандатот.
Во неколку зборови како порака ја искажа и својата визија за Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

„Последните четири години, Кисела Вода не виде развој, не виде перспектива. Видовме само илузии, празни ветувања и 3Д спотови без ниту една закована шајка“, порача кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, од трибината во Кисела Вода.
Трајковски ја опиша реалноста во општината како резултат на тотална неспособност на актуелното раководство.
„Орце Ѓорѓиевски не беше градоначалник. Тој беше администратор на лаги. Ветуваше технолошки зони во Драчево и Чупријан, а не донесе ниту еден инвеститор. Ветуваше модерна инфраструктура, а улиците денес се распаѓаат. Ветуваше трим патеки, монтажни гаражи, мото-крос патеки, нова поликлиника, базен и рекреативен центар, а не направи буквално ништо. Наместо чиста, еколошка општина, остави запуштени плоштади и депонии. И сега истиот човек бара поддршка да го води Скопје! Тоа не е визија. Тоа е навреда на секој граѓанин што чекаше четири години, а не доби ништо“, порача Трајковски од трибината во Кисела Вода.
Трајковски ја претстави својата програма пред граѓаните, фокусирана на праведна распределба на општинските ресурси, фер можности за сите и човечен, хуман пристап во секоја сфера од живеењето.
„Приоритет ми е Кисела Вода за сите. Во оваа програма, во фокусот се младите и децата, каде ќе обезбедиме бесплатна партиципација за сите деца во градинките, 70% субвенциониран оброк за сите ученици, реновирање на сите градинки и училишта.“, нагласи Трајковски.
Кандидатот на СДСМ најави и праведен и хуман урбанизам, достапна инфраструктура во сите населби и маала, без разлика дали се работи за Пинтија, Драчево или Усје.
„Ќе има канализација, водовод и осветлување во секое маало. Парковите ќе ги обновиме, запуштените скверови ќе ги раззелениме, а јавниот превоз за пензионери и самохрани родители ќе биде бесплатен“, истакна Трајковски.
Програмата предвидува ревизија на урбанистичките планови, монтажни и подземни гаражи, реконструкција на улици и мостови, како и решенија за паркирање и водоснабдување. Секое маало ќе добие функционална инфраструктура, не само елитните делови. Во економијата планира 1.000 нови вработувања, 100 мали бизниси, бизнис-инкубатор, преквалификации и поддршка за зелени иновации.
Социјалната правда вклучува субвенции за самохрани мајки, бесплатни оброци, домашна нега за стари лица, центар за жртви на семејно насилство и пристапност за лица со попреченост.
„Не ветувам чуда, туку работа за секој граѓанин. Време е парите да одат за децата, не за партиски ПР“, рече Трајковски.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.
„Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично. Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.
„Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое од криминал купено ама тој е против криминалот“, рече Филипче.
Тој ја обвини опозицијата за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:
„Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања. На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите“, истакна.
Како што кажа Филипче, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови.
„Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Соопштенија
Костадинов: Субвенции за младите и целосна модернизација по европски стандарди на двете основни училишта во Чешиново Облешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја претстави програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.
Костадинов истакна дека во програмата се предвидени мерки за поддршка на младите и семејствата, поддршка за пензионерите, најави целосна модернизација на двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево како и решавање на проблемот со водата за пиење.
„Уште во првата година од мојот мандат, грижата за нашите најмили – децата ја ставаме на прво место, субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Но, субвенција и за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете Основни Училишта од нашата општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Ќе понудиме решение и ќе побараме поддршка од Владата за решавање на проблемот со вода за пиење. До крајот на мојот мандат овој проблем едноставно мора да биде минато, немаме веќе време за импровизации и одложување“, кажа Костадинов.
Тој заклучи дека токму затоа е време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!