Соопштенија
Проданоски: Марковите Кули ќе блеснат во ново светло

Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули. Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок. Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн. Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда“, рече тој.
Со паметни интервенции со паметно вложување, додаде Проданоски, само понатаму може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.
„Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат. Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули“, рече Проданоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Лабудовиќ: Центар мора повторно да ги разбуди своите маала

Центар не е само општина – тоа е дух, приказна и начин на живот, порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во својата денешна изјава.
Лабудовиќ истакна дека целта е да се врати вистинскиот маалски дух кој некогаш го правел Центар жив, топол и полн со енергија.
„Центар мора повторно да ги разбуди своите маала – местата каде што луѓето се поздравуваа со насмевка, каде што се седеше на клупа под липа, каде што се делеше и радост и мака. Денес тој дух е загубен меѓу бетон, сообраќаен метеж и бучава. Моја визија е повторно да го оживееме маалскиот живот – да создадеме средина каде што секој граѓанин ќе се чувствува спокојно, безбедно и гордо што живее токму овде“, истакна Лабудовиќ.
„Затоа, ќе ги уредиме и осветлиме запуштените зелените катчиња и детските игралишта во Капиштец и ќе ја обновиме уништената урбана опрема. Во Дебар Маало ќе создадеме нови пешачки зони и велосипедски патеки, а се разбира ќе има и повеќе паркинг простор и слободни тротоари.. Во Буњаковец ќе има нова катна гаража која ќе ги ослободи улиците. Во Градски ѕид ќе ги обновиме плочниците и ќе засадиме нови дрвја. И, многу други нешта во сите центарски маала“, истакна Лабудовиќ.
Тој додаде дека обновата на Центар не значи само изградба и инфраструктура – туку обновување на човечките вредности: довербата, солидарноста и заедништвото.
„Со ревитализација на старите маала, со зачувување на она што е дел од нашето секојдневие и создавање нови јавни простори – ќе им го вратиме на центарци она што најмногу им недостига: блискоста, припадноста и човечката топлина. Секое маало ќе биде мало срце на нашата општина – пулсот на едно современо, но топло Скопје“, нагласи Лабудовиќ.
Кандидатот за градоначалник порача дека центарци отсекогаш знаеле што е вистинска вредност.
Соопштенија
Бујар Османи: Ревитализација на спортските сали и изградба на нови терени за граѓаните на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ги презентираше спортските проекти предвидени во неговата изборна програма, нагласувајќи дека приоритет ќе биде целосната ревитализација на спортската инфраструктура и создавање достапни спортски зони за сите граѓани.
Османи најави дека најпрво ќе се започне со реконструкција на постојните спортски сали и терени, со цел тие повторно да станат достапни за спортистите и граѓаните на Чаир.
„Спортската сала ‘Енвер Идризи’ во Серова, со сите неопходни подобрувања што ќе овозможат понуда и спортски услуги согласно стандардите. Спортската сала ‘Васил Главинов’, итна интервенција, иако знаете дека ‘Васил Главинов’ е дел од големиот проект на Мишел Ројкинд, кој опфаќа ново училиште, нова градинка, подземен паркинг и детско игралиште“, изјави Османи.
Тој додаде дека следуваат и реконструкции на неколку сали во различни населби на општината.
„Спортската сала ‘Имри Елези’ во населбата Дижонска, целосна реконструкција на сите услуги. Следуваат и ‘Лирија’, во Гази Баба, ‘Шабан Трстена’ и ‘Партизан’“, рече Османи.
Во рамките на спортската програма, предвидена е изградба на нови отворени спортски терени со осветлување во неколку зони на општината, кои досега биле запуштени и небезбедни за децата и жителите.
Османи најави изградба на нова спортска сала кај Основното училиште „Јашар Бег“ во Дуќанџик.
Тој најави дека реализацијата на овие проекти ќе биде финансирана преку министерствата, Владата и европски фондови, за што веќе е формиран посебен тим задолжен за подготовка и аплицирање на проектите.
Соопштенија
Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина.
„Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себе си,“ рече Димитриевски. „Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар. Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по четири години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината“, додаде Димитриевски.
Тој ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи.
„Кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин,“ нагласи Димитриевски.
И јас, продолжи лидерот на ЗНАМ, пред четири години бев отпишан од сите. „Првиот ден бев сам, вториот ден бевме двајца, тие двајца вечерва сме јас и Мирослав, а тоа веќе е множина. За една недела тие двајца станаа 700, а за неполни шест недели 56.000, колку што нè поддржаа на минатите избори. Мнозинството е само пат на математичка прогресија. И тоа ќе се случи и во Центар, затоа што Центар и центарци знаат кој е најдобриот кандидат за градоначалник. Тоа е Мирослав Лабудовиќ“, рече Димитриевски.