Соопштенија
(Видео) Филипче: Центар на овие избори прв ќе му порача на Мицкоски и неговата банда, доста е

„Центар на овие избори повторно е повикан да застане на нозе и да испрати силна порака до Мицкоски и неговата банда на власт. Центар на овие избори прв ќе се разбуди и ќе му порача на ова лажно, арогантно и своеволно владеење на Мицкоски дека е доста“, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар.
Филипче побара поддршка за актуелниот градоначалник Герасимовски и листата на советници предводени од неговиот колега, Александар Савески.
„Луѓе произлезени од граѓаните, луѓе со личен и професионален интегритет каков што центарци можат само да посакаат и луѓе кои ќе работат во најдобар интерес на граѓаните кои ќе им ја дадат поддршката“, посочи д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ повика на масовна мобилизација на 19 октомври за СДСМ да оствари убедлива победа во Советот на општината, но и на Каја Шукова за победата да биде целосна.
„Но победата нема да биде целосна без да дадеме силна поддршка и за нашата Каја Шукова. Каја е жена борец, социјалдемократ по убедување, жена која го сака Скопје и знае како да го води градот. Каја е експерт за животна средина и сигурен сум дека ќе ги реши најгорливите проблеми на скопјани, со реални и остварливи проекти“, нагласи д-р Филипче.
Тој додаде дека таа е чиста спротивност на лажните, шарени програми на нејзиниот противкандидат, човек кој ќе прави воз покрај Вардар.
„Човек кој веќе три кампањи по ред ветува дека од Вардариште ќе направи парк — и, секако, лаже. Скопјани и центарци веќе не смеат да бидат излажани, ги повикувам да го дадат својот глас за луѓе на кои зборот им држи“, рече д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Османи: „Златна картичка“ за поевтин живот, поевтини лекови и поголема почит кон повозрасните

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја претстави програмата „Со срце за возрасните“, фокусирана на зголемување на квалитетот на животот на пензионерите преку директна финансиска помош и системска грижа. Програмата предвидува три клучни мерки за подобрување на економската сигурност на постарите лица, и тоа месечна парична поддршка, субвенции за престој во домови за стари лица и картичка за попусти во аптеки и маркети.
„Најпрво, ќе ги поддржиме финансиски постарите лица. Предвидуваме помош за сите пензионери со ниски приходи, за оние кои најмногу ја чувствуваат тежината на месецот. Во првите две години од мандатот ќе започнеме со 2.500 денари за пензионерите со минимални приходи, со тенденција оваа поддршка да достигне до 5.000 денари“, изјави Османи.
Втората мерка предвидува поддршка за достоинствена грижа на повозрасните лица кои немаат семејна поддршка или живеат во потешки материјални услови, вклучително и можност за субвенционирано сместување во домови за стари лица, доколку тоа е нивна потреба или избор.
„Ќе обезбедиме субвенции за престој во дом за стари лица за оние со најниски приходи. Ниту еден пензионер не смее да остане без поддршка, ниту без место каде што ќе се чувствува безбедно и згрижено“, нагласи Османи.
Третата мерка од програмата се однесува на картичката „Златни години“, која ќе обезбеди попусти во аптеки и при купување на секојдневни производи, преку партнерства со локални бизниси и синџири на маркети.
„Со оваа картичка ќе им го намалиме товарот на најважните трошоци, здравствените и основните. Таа ќе биде симбол на почит и грижа од општината кон секој пензионер“, рече Османи.
Во своето обраќање, Османи потенцираше дека во Чаир живеат над 7.400 пензионери, што е повеќе од 15% од возрасното население.
Тој порача дека оваа програма е резултат на неговата долгогодишна работа со повозрасни лица и дека нејзината цел е да обезбеди достоинствена старост и економска сигурност за секој пензионер во Чаир.
Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.
Соопштенија
Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи најави реконструкција на големите локални улици, за подобар сообраќај, побезбедни улици, за поквалитетен живот на граѓаните.
„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!“, рече Стефковски.